Чиле им донираше 40.000 дози вакцина на Еквадор и Парагвај

Еквадор и Парагвај примија 20.000 дози од вакцината на Синовак од Чиле, соопштија двете земји.

Фото: ЕПА

Донацијата од вкупно 40.000 дози ја покажува несразмерноста во спроведувањето на вакцинацијата во земјите од Јужна Америка.

Чиле, една од најбогатите земји во Јужна Америка, е шеста во светот според бројот на вакцинираните, според податоците со кои располага Ројтерс, а досега една четвртина од населението ја примила вакцината.

Од друга страна, поради бавното спроведување на вакцинацијата во Еквадор, локалните власти, кои планираат самите да ја увезат вакцината, остро го критикуваа претседателот Ленин Морено.

Во Еквадор досега 65.000 луѓе, претежно здравствени работници и жители на домови за стари лица, примија една доза од вакцината на Фајзер.

„Билатералните односи дадоа плод“, напиша Морено на Твитер во саботата, додавајќи дека Еквадор ќе ја искористи чилеанската донација за вакцинирање на здравствените работници. „Тоа е доказ за солидарност меѓу земјите“, додаде тој.

Еквадор планира да вакцинира помеѓу 60 и 70 проценти од населението постаро од 18 години до крајот на годинава.

Речиси 16.000 смртни случаи од ковид се регистрирани во земјата, покажуваат официјалните податоци.

И во Парагвај критиките за спроведувањето на вакцинациите се многу остри. Министерството за надворешни работи ја објави веста за донацијата во време кога претседателот Марио Абдо се соочува со протести против тоа како да се бори против пандемијата.

Програмата за вакцинација во Парагвај почна кон крајот на февруари со 4.000 дози од руската вакцина Спутник, која беше искористена за вакцинирање на здравствените работници.

Во таа земја, според официјалните податоци, 3.278 лица починале од ковид.

Легенда под Главна слика

Фото: ЕПА

Вакцинирањето преку ред, слабата стратегија и лошата комуникација со јавноста ги обележаа првите месеци на вакцинирање во Хрватска која во моментов е близу дното на ЕУ во однос на процентот на вакцинирана популација. 

повеќе