Парадата беше прекината по десет минути, кога се слушнаа истрели и настана паника.
Официјални лица на прес-конференција соопштија дека шест лица загинале, а 24 се пренесени во болница, а на местото на настанот била пронајдена пушка.
Полицијата ѝ порача на толпата да се разотиде и дека локацијата не е безбедна.
Новинар на Чикаго Сан тајмс тврди дека видел „три крвави тела покриени со ќебиња“ и најмалку пет ранети луѓе на местото на настанот.
Еден од очевидците изјавил дека слушнал околу 20 последователни истрели и поради тоа оценил дека „не може да биде пиштол или пушка“.
На парадата имаше силно полициско обезбедување и неколку противпожарни возила.
Локалната полиција соопшти дека подоцна ќе даде повеќе информации.