Чија е војската во Венецуела? САД го поддржаа пучот, Путин внимателно следи (ВИДЕО)

Ситуацијата во Венецуела зоврива, откако лидерот на опозицијата, Хуан Гуаидо, ги повика граѓаните и армијата да го поддржат во соборувањето на Николас Мадуро од власт.

Социјалните мрежи се преполни со снимки на кои, како што се вели, се гледаат војници што преминуваат на страната на Хуан Гуаидо.

На некои снимки се гледаат и судири меѓу спротивставени страни, а сведоците велат дека се слушаат и пукотници пред воздухопловната база Ла Карлота.

Реакции доаѓаат од Белата куќа, Кремљ, претседателот на Европскиот парламент и некои членки на ЕУ.

Белата куќа рече дека американскиот претседател Доналд Трамп ја следи ситуацијата, додека Кремљ порача дека тоа е тема на разговор меѓу шефот на руската држава, Владимир Путин, и постојаните членови на Советот за безбедност на Русија.

Гуаидо утрово изјави дека ја почнува „завршната фаза“ на својот план да го замени претседателот Николас Мадуро и ги повика граѓаните и армијата да го поддржат за да ѝ се стави крај на „узурпацијата на Мадуро“.

Белата куќа рече дека Трамп ја следи ситуацијата во Венецуела, каде што, како што рече, Гуаидо повика на „воено востание“ за да добие поддршка за неговиот план за соборување на Мадуро.

„Претседателот е информиран и ја следиме сегашната ситуација“, изјави портпаролката на Белата куќа Сара Сандерс.

Државниот секретар на САД, пак, Мајк Помпео, денеска изјави дека владата на САД го поддржува повикот на Гуаидо на бунт на војската против владата на Венецуела. Помпео на Твитер наведе дека САД „целосно го поддржуваат“ повикот на Гуаидо за почеток на „Операцијата Слобода“.

Според него, САД се на страната на народот на Венецуела „во неговата потрага по слобода и демократија“.

Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, изјави дека Путин и постојаните членови на рускиот Совет за безбедност разговарале за ситуацијата во Венецуела.

„Учесниците на состанокот посветија големо внимание на ситуацијата во Венецуела, земајќи ја предвид веста за обид за државен удар“, рече Песков.

Реагираше и претседателот на Европскиот парламент, Антонио Тајани, кој на својот профил на Твитер оцени дека денес „е историски момент на враќање на демократијата и слободата во Венецуела, што ЕП секогаш го поддржуваше“.

Тој додаде дека е „добра вест“ тоа што, како што рече, војниците што го почитуваат уставот го ослободиле Леополдо Лопез, добитник на наградата Сахаров, доделувана од Европскиот парламент за поединци или организации што го посветиле својот живот на одбраната на човековите права и слободата.

Се огласи и Шпанија, која истакна дека не поддржува „никаков воен пуч во Венецуела“, иако го смета Гуаидо за легитимен лидер на земјата.

„Немаме сомнеж дека решението за Венецуела мора да оди рака под рака со изборите, Шпанија не поддржува никаков воен удар“, изјави портпаролката на шпанската влада Изабел Кела.

Нема пазар доколку нема информации. Дајте ги информациите за пазарот на грозје.

повеќе

Овој термин, без исклучок го употребуваат сите партии кога се во опозиција. СДСМ, ВМРО-ДПМНЕ, Алијанса за Албанците, ДПА...

повеќе

Суштинското синдикално организирање е во постојан пад, а за многу од работниците дури и слободниот викенд, како една од основните историски придобивки, е недостижна желба.

повеќе