Четвртина од сите познати видови пчели не се видени од 90-тите години на минатиот век

Бројот на евидентираните видови пчели низ целиот свет нагло се намалува од 90-тите години на минатиот век.

Фото: ЕПА

Едуардо Затара и Марсело Ајзен од Националниот универзитет во Комахју во Аргентина анализирале колку видови диви пчели се евидентираат секоја година, според записите во Глобалниот информативен објект за биодиверзитет - јавно достапна платформа каде што истражувачите и граѓаните можат да внесат дека снимиле некој вид пчели.

Откриле дека помеѓу 2006 и 2015 година имало пријавено за една четвртина помалку видови, во споредба со записите што ги имаме од пред 1990 година.

Падот е особено алармантен со оглед на тоа што бројот на пчелните записи во оваа база на податоци е зголемен за околу 55 проценти од 2000 година, па затоа падот не се должи на недостиг од набљудување.

„Нашето дело е прва долгорочна процена на глобалното опаѓање на бројот на пчелите“, вели Затара. Претходните истражувања на пчелите се ограничени на одреден вид или одредена локација.

Истражувачите откриле дека падот не е ист кај сите пчелни семејства. Евиденцијата за реткото семејство Melittidae од околу 200 пчелни видови е намалена за дури 41 процент од 1990-тите, наспроти 17 проценти за почестото семејство Halictidae.

Ова не мора да значи дека неевидентираните видови пчели се изумрени, но сега тие се доволно ретки што луѓето што сакаат да снимат видување пчели не ги среќаваат.

Уништувањето на природните живеалишта, големата употреба на пестициди и климатските промени може да го објаснат овој пад на богатството на видовите, вели Затара.

„Ние произведуваме повеќе храна за да ја нахраниме нашата растечка популација“, вели Затара. „Користиме голем број економски поволни начини за одгледување приноси од една култура, што уништува голем дел од природното живеалиште на пчелите“.

Глобалниот пад на видовите го отсликува она што претходно беше објавено во Велика Британија. Но истражувачите забележуваат дека се потребни студии во подалечните области за да се добие целосна слика, бидејќи повеќето постоечки податоци доаѓаат од Северна Америка и Европа, каде што може полесно да се најдат видовите пчели, вели Њу саентист.

На пример, полесно е да снимите и да идентификувате див свет на места каде што луѓето имаат зголемен пристап до паметни телефони со висококвалитетни камери, вели Гери Поуни од Центарот за екологија и хидрологија во Велика Британија, кој е загрижен поради овие откритија. „Овие падови се алармантни и за безбедноста на храната и за здравјето на природниот свет“.

Легенда под Главна слика

Фото: ЕПА

Реакцијата на семејството и блиските во однос на пандемијата е пресуден фактор кој влијае на емотивната состојба, размислувањата и однесувањето на младите.

повеќе

Можеби по нас ќе дојдат некои нови клинци што прегрнати ќе го слушаат мртвиот Џоле и ќе го разберат подобро отколку што го разбравме ние на кои со години жив на глуви уши ни пееше за љубовта.

повеќе

За државата Македонија, Македонците се посебен народ со повеќевековна традиција, кои зборуваат, творат, се радуваат и тагуваат на македонски јазик, веќе со векови, во и надвор од територијата на нашата држава.

повеќе