Четворица американски војници меѓу 18 убиени во терористички напад во Сирија (ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО)

Во самоубиствен терористички напад, за кој одговорноста ја презеде Исламска држава (ИСИС), денес во градот Манбиџ на северот на Сирија загинаа 18 луѓе, вклучувајќи американски војници, објавија набљудувачите.

Американската војска потврди дека има жртви меѓу своите војници кои биле во патрола, но не го соопшти точниот број.

Сириската опсерваторија за човекови права јави дека двајца американски војници загинале на лице место, а уште двајца подоцна им подлегнале на повредите во болница.

Загинаа уште девет цивили и петмина припадници на Сириските демократски сили, бунтовничката милиција предводена од Курдите.

Исламска држава ја презеде одговорноста за нападот соопштувајќи дека бомбаш самоубиец нападнал патрола на коалициски војници и нивните сојузници Курдите.

Портпарол на американските сили во Сирија најпрвин објави на Твитер дека американските војници денес вршеле „рутинска патрола“ во областа каде што се случил нападот. Тој додаде дека сѐ уште се собираат информации и дека „подоцна ќе сподели дополнителни детали“. Нешто подоцна потврди дека американски војници се убиени.

ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО:

Коалицијата предводена од САД има свои воени бази во Манбиџ, градот кој курдските сили го презедоа во 2016 од ИСИС.

Како што јавува Си-ен-ен, во Манбиџ во последно време почнале да се спроведуваат заеднички турско-американски патроли.

Турција, која курдските милиции ги смета за терористи, во декември се закани дека ќе влезе во Манбиџ, но ги прекина операциите откако САД објавија дека ќе ги повлечат своите војници од Сирија.

Неопходно е да се допрецизира законот со што би се овозможило одреден дел од финансиски средства да се пренасочат кон делот на општествена одговорност на приредувачите на игри на среќа со цел подобрување на спортската инфраструктура.

повеќе

Тоталното разочарување од сите мејнстрим политички елити, вклучувајќи ги и зелените, континуирано води кон отуѓување на граѓаните, за што доказ е се помасовното бојкотирање на изборните процеси.

повеќе

Помина времето кога политиката беше „шаховска борба“ на политичките актери, која неретко се одвиваше далеку од очите на јавноста и беше доста неразбирлива за обичниот гласач. 

повеќе