Дојдени од Вухан

Четири лица во Шкотска се тестираат за коронавирусот, сите имаат респираторни проблеми

Министерот за здравство им рече на пратениците дека властите се добро подготвени за да се справат со евентуални случаи.

Четири лица во Шкотска се тестираат за новиот коронавирус откако допатувале во земјата од кинески Вухан, според шефот на Одделот за заразни болести на Универзитетот во Единбург.

Професорот Јирген Хас рече дека верува оти ќе има многу други случаи од други градови во Велика Британија. Тој рече дека сега има три случаи во Единбург, а за четвртиот се смета дека е во Глазгов.

Се спроведуваат тестови и за никого од пациентите сè уште не е потврдено дека ја има болеста. Сите во последните две недели допатувале во Шкотска од Вухан, каде што се смета дека потекнува епидемијата, и покажуваат симптоми на респираторни проблеми - што е симптом на вирусот.

Претходно во текот на денот британскиот министер за здравство, Мет Хенкок, им рече на пратениците дека постои зголемена веројатност дека коронавирусот што предизвикува болести и смрт во Кина ќе пристигне во Велика Британија, но рече дека властите се добро подготвени и дека ќе останат будни. Хенкок рече дека Велика Британија е една од ретките земји што развиле тест за најновиот коронавирус, така што секој сомнителен случај може брзо да се дијагностицира. Сепак, заразата поминува без симптоми пет до седум дена, а понекогаш дури и до 14, што значи дека вирусот може да кружи неоткриен, вели Гардијан.

Јавното здравје и економијата одат заедно и во време на пандемија, па затоа најдобриот начин да ѝ се помогне на економијата во оваа криза е ако се воведат адекватни рестрикции за пандемијата да се стави под контрола.

повеќе

Стопанската комора на Македонија со донесувањето на 4-тиот сет на мерки гледа остварување на ветеното дека Владата на РСМ и во услови на здравствено- економска криза ќе стои зад компаниите.

повеќе

Оваа парафраза на големиот Иво Андриќ, нобеловец и водечко книжевно име на Балканот, за малку ќе го погодеше лично него.

повеќе