Коронавирус

Чесите заплениле речиси 700.000 заштитни маски

Чешките власти заплениле околу 700.000 маски потребни во борбата против коронавирусот од компанија која почнала да бара поголема цена за нив, рече денес министерот за внатрешни работи Јан Хамачек.

Чешка, каде во вторник вечер се пријавени 434 случаи на коронавирус, се соочува со сериозен недостаток на маски и респиратори, што ги натера граѓаните да организираат производство дома.

„Полицијата се бори против профитерите“, рече Хамачек на својот профил на Твитер.

„Компанијата требаше да ги достави маските на здравствените работници, но во последен момент сакаше да ја зголеми цената“.

Хамачек, со премиерот Андреј Бабиш, во вторникот се извини што не обезбедиле доволно заштитна опрема, особено за персоналот во болниците во кои се сместени луѓе кои се потенцијално заразени со вирусот.

Во меѓувреме, групата наречена „Чешка шие маски“, која изработува и доставува заштитна опрема за сиромашните, на Фејсбук привлече повеќе од 25.000 членови.

Вирусот остава белег на чешката економија. Локалната фабрика на Фолксваген оваа недела ќе го запре производството, додека гувернерот на Народна банка предвидува пад на бруто домашниот производ.

Чешката влада во саботата нареди затворање на повеќето продавници, ресторани и локали во обид да го спречи ширењето на коронавирусот.

Во петокот, владата воведе забрана за влез на странци во земјата, која стапи во сила од понеделник, а на Чесите им е забрането да ја напуштат земјата.

Претходно, владата ги затвори училиштата, театрите, кината, галериите и музеите и забрани собири на повеќе од 30 лица, освен за погреби.

И покрај тврдењата на американскиот претседател Доналд Трамп, американската разузнавачка заедница веќе долго време ја смета појавата на пандемии како една од најголемите закани.

повеќе

Кога ќе заврши пандемијата, очекувајте државите да се вратат со поголема власт и поголем легитимитет.

повеќе