Чешкиот претседател Земан повеќе не е на интензивна нега

Чешкиот претседател Милош Земан е префрлен од одделението за интензивна нега во болничко одделение, соопшти во четвртокот Централната воена болница.

Фото: ЕПА

„Третманот, особено сложената нутриционистичка терапија, која се спроведуваше на интензивна нега, резултираше со подобрување на клиничката слика на претседателот Земан. Денеска претседателот е префрлен на болничко одделение“, се вели во соопштението на болницата.

Земан (77) е примен на одделот за интензивна нега на 10 октомври.

Според лекарите од болницата, тој бил хоспитализиран поради компликации на една од неговите хронични болести, но деталите за дијагнозата не се познати.

Земан има клучна обврска да даде мандат за формирање влада по парламентарните избори на почетокот на октомври на кои либерално-конзервативните опозициски партии освоија мнозинство места во Претставничкиот дом, 108 од вкупно 200 места.

Земан, наклонет кон досегашниот премиер Андреј Бабиш, еден од најбогатите Чеси, еден ден по изборите заврши во болница.

Чешките партии од центарот и од десниот центар во понеделникот постигнаа договор за формирање мнозинска коалициска влада. Партиите собрани во двете коалиции освоија 108 од 200-те места во Долниот дом на парламентот на изборите на 8 и 9 октомври, победувајќи го премиерот Андреј Бабиш, чии клучни сојузници не влегоа во парламентот.

Легенда под Главна слика

Фото: ЕПА

Јазикот е многу повеќе од структура на една реченица или граматика, јазикот е нашата историја, нашите обичаи и нашето наследство...

повеќе

Овој отпад, освен тоа што ја загадува животната средина, исто така предизвикува дефекти во машините, ги оштетува контејнерите и го спречува транспортот на друг отпад.

повеќе

Нема простор за двоумење и губење време, затоа Македонија и Бугарија треба да соработуваат што е можно поскоро за да најдат јасен јазик за разбирање, во процес кој би бил следен од ЕУ, Вашингтон и ОН.

повеќе