Чешкиот претседател Земан ја нарече Европската Унија кукавица

Чешкиот претседател Милош Земан ја критикуваше Европската Унија дека е „кукавица“, коментирајќи ја реакцијата на Брисел по американското признавање на Ерусалим за главен град на Израел.

„Европската Унија, кукавицата, прави сѐ за пропалестинската терористичка струја да превладее над произраелската струја“, кажа Земан.

„Како доказ, потсетувам дека Европскиот парламент неодамна одобри говор на осудена палестинска терористка, која тврдеше дека борбата против палестинската автономија е идентична на онаа против Евреите во Аушвиц“, додаде тој, зборувајќи за Лејла Халех, членка на Палестинскиот национален совет, која во 1969 година учествуваше во грабнување авион.

Земан потсети дека тој уште во 2013 предложи преселување на чешката амбасада од Тел Авив во Ерусалим.

Чешкото министерство за надворешни работи во четвртокот соопшти дека одлуката за преселување на чешката дипломатска мисија во Ерусалим може да биде донесена само „како резултат на преговори меѓу клучните партнери во регионот и во светот“.

Согласно на ставот на ЕУ, чешкото министерство смета дека Ерусалим треба да биде „идниот главен град на двете држави, Израел и идната палестинска држава“.

ЕУ во четвртокот поради одлуката на американскиот претседател Доналд Трамп за селење на амбасадата на САД во Ерусалим предупреди на можноста за враќање „во уште помрачни времиња од оние во кои живееме сега“.

73-годишниот Земан најави дека во јануари ќе се кандидира за втор претседателски мандат.

Не е во прашање само Русија VS Западот. Има нов играч на масата.

повеќе

Ако на референдумот на 30 септември македонските гласачи изгласаат да се смени името на нивната држава во Северна Македонија, НАТО треба да ја покани нивната влада во Алијансата.

повеќе

Паметам како вчера да беше: пред самиот распад на Југославија, по локалните пазарчиња на таа земја нагло се расшетаа сомнителни типови што шиткаа лажњаци на статусниот симбол на мојата генерација - славните фармерки „петсто кец”. 

повеќе