Чешкиот претседател пуштен од болница: Земан си замина дома по повеќе од 6 недели

Чешкиот претседател Милош Земан е пуштен од воената болница во која помина повеќе од шест недели, соопшти денеска здравствената установа, пренесува Ројтерс.

Фото: ЕПА

77-годишниот Земан беше итно пренесен на одделот за интензивна нега на 10 октомври.

Тој беше хоспитализиран ден по парламентарните избори на кои неговиот сојузник, премиерот Андреј Бабиш, беше поразен од опозицијата, која освои мнозинство во Долниот дом и планира да формира нова влада.

Лидерот на опозицискиот десен центар Петер Фијала неодамна најави дека Земан утре ќе му додели мандат за состав на нова влада.

Легенда под Главна слика

Фото: ЕПА

Освен тоа што муралите се моќно средство за комуникација, тие можат да бидат и предмет на манипулации, па и пропаганда, подигање тензии и продлабочување на недоразбирањата во БиХ.

повеќе

Процесот на донесување на буџетот ме потсетува на една изрека на поранешниот државен секретар на трезорот на САД, Џејкоб Лу (Jacob Lew) кој вели дека „Буџетот не е само колекција на бројки, туку израз на нашите вредности и аспирации“.

повеќе

Конески со голема дарба и со рационална мисла, создаде комуникативна поезија, создаде за македонските генерации образец на читлива литература.

повеќе