Чешкиот претседател: Можеби ќе го повлечеме признавањето на независноста на Косово

Држава која е предводена од воени злосторници не треба да биде во заедница на демократски земји, изјави денес чешкиот претседател Милош Земан за време на посетата на Белград, најавувајќи го преиспитувањето на можноста Прага да го повлече признавањето на независноста на Косово.

„Не сум диктатор“, одговори Земан на прес-конференцијата по тет-а-тет разговорот со српскиот претседател Александар Вучиќ на прашањето дали Србија може да очекува некоја земја од ЕУ да го ревидира својот став за независност на Косово. Додаде дека на тоа прашање може да се советува со уставните претставници во Прага.

„Мило ми е дека министерот (за одбрана Лубомир) Метнар изјави дека беше грешка да се признае Косово. Тој веројатно ќе биде од моја страна, а кој ќе биде на другата страна, ќе видиме за месец дена“, рече Земан и додаде: „Секој политичар треба да ги брани интересите на својата држава, а не да биде марионета на странски власти, било кои“.

Во вторникот, медиумите објавија дека Земан на својот домаќин Вучиќ на аеродромот му кажа дека му се допаѓа Србија и српскиот народ, додавајќи дека не му се допаѓа Косово.

Земан потсети дека косовскиот премиер Рамуш Харадинај поднесе оставка затоа што беше поканет на сослушување во Хашкиот трибунал.

 Вучиќ рече дека со чешкиот колега разговарал и за тешкотиите со кои Србија се соочува на својот европски пат и за односите меѓу Белград и Приштина и истакна дека компромис е единствената можност да се постигне решение.

„Земан е искрен пријател на Србија и српскиот народ“, рече Вучиќ, посакувајќи му „уште многу години да го зачува својот брилијантно бистар ум, кој мисли во интерес на својот народ, а не во интерес на големите сили“.

Тој истакна дека Србија сака да биде дел од Европската унија, но „не се срами од своите односи со Русија и Кина“ затоа што тоа е начин како земја на крстопат да обезбеди напредок и подобар квалитет на живот за своите граѓани.

Земан истакна дека би сакал да им се заблагодари на „Србите кои застанаа на наша страна во 1938 и 1968 година кога нè окупираа Советите“.

Тој додаде дека во неговата делегација „од Чешка дошле 50 врвни инвеститори“.

Вучиќ очекува зајакнување на економската соработка меѓу двете земји и рече дека чешко-српската трговска размена ќе надмине 1,15 милијарди евра оваа година. Тој најави дека на почетокот на октомври ќе биде гостин на т.н. Вишеградска четворка, составена од четири централноевропски земји - Чешка, Унгарија, Полска и Словачка.

(Реакција на колумната на Наум Кајчев, „За Гологанови и нашата заедничка историја“, 15 септември 2019, МКД.мк)

повеќе

Деликатна јазична авантура е ако се излезе од основното и утврдено значење на зборовите и се прејде во сферата на жаргонот и колоквијалноста.

повеќе

Плаќањето на вработените на час наместо месечно помага да се зголеми нивната плата со тоа што ќе се вреднува работното време поефикасно.

повеќе