Чешкиот премиер: Не ни треба Спутник V

„Спутник V повеќе не е потребен во Чешка, има доволно други вакцини против коронавирусот“, рече чешкиот премиер Андреј Бабиш во интервју за јутјуб-каналот „Ксавер во живо“.

Фото: ЕПА

Водителот го праша Бабиш дали употребата на руската вакцина Спутник V во земјата е веќе затворена тема.

„Не ни треба повеќе (руската вакцина). Имаме доволно вакцини“, одговори премиерот.

Претседателот на Чешка, Милош Земан, во повеќе наврати изјави дека вакцината Спутник може да се користи во Чешка и дека, според него, за тоа би било доволно одобрувањето од националниот регулатор.

Од своја страна, премиерот Бабиш, иако не ја исклучуваше употребата на таа вакцина во земјата, истакна дека тоа може да се направи само по одобрување на Европската агенција за лекови (ЕМА).

Во Чешка во моментов 49.500 луѓе се болни од ковид-19, од кои 2.449 се хоспитализирани. Од почетокот на пандемијата, регистрирани се 1,63 милиони случаи на коронавирусот, 1,55 милиони оздравеа, а 29,3 илјади луѓе починаа.

Од крајот на декември 2020 година во земјата почна вакцинацијата против коронавирусот. Првата доза на вакцината ја имаат примено 3,18 милиони луѓе, а втората - 1,003 милиони жители на оваа десетмилионска држава. Се користат вакцините од компаниите Фајзер/Бионтек, Модерна, Астразенека и Џонџон и Џонсон. Како што претходно објави министерот за здравство Питер Аренбергер, во мај, неговото министерство очекува да добие 2,8 милиони од овие вакцини од производителите.

Легенда под Главна слика

Фото: ЕПА

Министерството за финансии во изминатиот период активно работеше на реформа за унапредување на фискалната децентрализација, која нуди сериозно системско решение за стабилни финансии на општините кои ќе значат одговорни општини и испорака на квалитетни и ефикасни услуги за граѓаните. 

повеќе

Либералната империјалистичка доктрина на Америка е одговорна за ужасниот масакр во места како Виетнам, Ирак и Централна Америка. Но Америка, исто така, произведе либерална антиимперијалистичка доктрина што останува затскриена во една ТВ-серија што ја восхитува американската публика уште од 1966 година.

повеќе

Граѓани, бегалци, мигранти, веќе не ни е важно – се чини дека никој не гледа светла иднина за себе во Албанија.

повеќе