Од коронавирусот

Чешкиот министер за здравство поднесе оставка поради растот на бројот на заразени

Чешкиот министер за здравство Адам Војтех поднесе оставка денес поради критиките за управувањето со здравствената криза по порастот на бројот на случаи на коронавирусот во таа земја.

EPA-EFE

Премиерот Анджеј Бабиш му се заблагодари на Војтех на неговата работа. Бабиш на Твитер објави дека Војтех можел да биде запаметен како најдобар чешки министер за здравство да не морал сета своја енергија да ја истроши во борбата против коронавирусот.

Чешка го бележи вториот најголем пораст на бројот на случаи на коронавирусот во Европа по Шпанија. Чешка пред летото ги укина сите мерки воведени за време на првиот бран на коронавирусот во земјата.

Во изминатите две недели Чешка бележи 193 случаи на 100.000 луѓе, наведува Европскиот центар за превенција и контрола на болести.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

Во време кога турската лира е во историски пад, Турција мора да надмине бројни предизвици за целосно да закрепне од кризата.

повеќе

Многумина од учесниците во македонската сага, нивните деца и внуци прашуваат: Зошто не можеме да се вратиме во земјата на нашите предци?

повеќе

Утрово осамна уште еден ден од ноември, 20-от ден од месецот. Остануваат точно уште 456 дена до 100-годишнината од коморскиот систем во нашата земја.

повеќе