Мерката ќе стапи во сила на 25 октомври. Липавски објасни дека Чешка им се придружува на Финска, Полска и балтичките земји, кои веќе воведоа таква мерка. По големите руски ракетни напади врз цивилни украински цели во понеделникот и вторникот, „мора да дојдеме до решенија што ќе испратат јасна порака до жителите на Руската Федерација“, посочи министерот.
Чешка, која во моментов претседава со Европската Унија, престана да издава визи за руските граѓани, освен за хуманитарни случаи, ден откако Русија ја почна инвазијата на Украина на 24 февруари. Прага во средата одлучи дека од 2023 до 2025 година ќе издвојува 20,6 милиони евра годишно за обнова на Украина.
Членка на Европската Унија и НАТО, Чешка, која има 10,5 милиони жители, од крајот на февруари ѝ даде на Украина воена помош во вредност од 173 милиони евра.