Чешка се откажа од набавка на Спутник V поради дипломатски конфликт со Русија

Чешката влада објави дека го исклучува рускиот Росатом од тендерот за нуклеарна централа вреден неколку милијарди евра и се откажа од набавката на руската вакцина Спутник V, во екот на дипломатскиот конфликт со Москва.

Фото: ЕПА

Одлуката е донесена по неколку меѓусебни протерувања на дипломати, откако Прага ги обвини руските тајни служби за смртоносната експлозија на чешка територија од 2014 година.

„Нема да бараме документи за проценка на безбедноста од Росатом“, им рече на новинарите чешкиот министер за индустрија и трговија Карел Хавличек.

По одлуката за исклучување, договор за изградба на нова единица на нуклеарната централа Дуковани во јужна Чешка до 2036 година може да биде потпишан со францускиот ЕДФ, јужнокорејскиот КХНП и американскиот Вестингхаус.

Чешкиот министер за надворешни работи Јан Хамачек објави дека неговата земја нема намера да го купи Спутник V, руската вакцина против ковид-19.

„Ние се потпреме на вакцините одобрени од Европската агенција за лекови, ЕМА“, додаде тој.

Употребата на Спутник V предизвика превирања на чешката политичка сцена.

Пред една недела, чешкото претседателство објави смена на министерот за надворешни работи Томаш Петричек, кој бил против употребата на вакцината без европско одобрение.

Легенда под Главна слика

Фото: ЕПА

Незабележливите разлики во нашето однесување кои се дел од психолошката манипулација на социјалните мрежи се предизвикани од надзорниот капитализам и ја нарушуваат демократската култура и личната автономија.

повеќе

После десетици години се решава холдингот, неданочните давачки и царинските тарифи значајни за бизнисот.

повеќе

Целиот свет гледа на 2021 година како на година на заздравување на економијата.

повеќе