Чешка протера руски дипломати поради гласини за труење: Непожелни сте

Чешка во петокот соопшти дека протерала двајца руски дипломати, откако било утврдено дека вработен во руската амбасада ширел гласини за план за труење на чешки политичари.

Руската амбасада во Прага

„Вработен во руската амбасада намерно ѝ испратил на тајната служба измислени информации за планиран напад врз чешки политичари“, им рече на новинарите премиерот Андреј Бабиш.

„Презедовме соодветни и примерни мерки и прогласивме двајца вработени во амбасадата за непожелни“, додаде тој, без да ги открие нивните функции или идентитет.

Бабиш објасни дека лажните информации за заканата од труење се резултат на внатрешни конфликти во руската амбасада.

Чешкиот неделник „Респект“ во април, повикувајќи се на разузнавачки извори, објави дека руски државјанин со дипломатски пасош неодамна пристигнал во Прага со отров.

Сепак, портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, тврдеше дека станува збор за „дезинформација“.

Во времето на објавувањето на написот во „Респект“, тројца прашки политичари - градоначалникот Зденек Хриб, претседателот на шестиот округ Ондреј Колар и претседателот на округот Репорје, Павел Новотни, добија полициска заштита затоа што, според медиумите, ѝ се замериле на Русија.

Во април Колар нареди отстранување на статуата на генералот Иван Конев, кој ги предводеше единиците на Црвената армија што ја ослободија Прага од нацистите во 1945 година, но кој многу Чеси го сметаат за симбол на советското угнетување.

Хриб ја поддржа промената на името на плоштадот во Прага каде што се наоѓа руската амбасада во „плоштад Борис Немцов“, рускиот опозициски лидер убиен во 2015 година.

Во округот на Новотни, пак, е поставен споменик на армијата на генералот Андреј Власов, која ја сочинувале советски војници заробени од нацистите и кои се бореле на страната на Германците, а пред самиот крај на војната се свртеле против нив и помогнале во ослободувањето на Прага во мај 1945 година.

Легенда под Главна слика

Руската амбасада во Прага

Секој може да биде менаџер во „добри денови", но најчесто менаџерската работа не е за „добрите денови" туку постојан баланс помеѓу проблемите и можностите за оптимизирано управување на компанијата.

повеќе

Нека се соберат во Дојран, нека се договорат и нека нѐ известат. Сите други пак нека се спремаат за вистински избори во постпандемискиот период.

повеќе

Дали е аксиом дека со членството во НАТО е гарантирана безбедноста на Македонија? Дали почеток на преговори значи и отворен пат за членство во ЕУ?

повеќе