Чешка протера 18 руски дипломати поради експлозија во магацин за муниција во 2014

На осумнаесет руски дипломати идентификувани како шпиони им е даден рок од 48 часа да ја напуштат земјата, соопштија властите.

Фото: ЕПА

Чешката Република објави дека протерува 18 руски дипломати идентификувани како шпиони поради огромна експлозија во складиште на муниција во 2014 година.

Премиерот Андреј Бабиш вчера изјави дека чешките разузнавачки агенции доставиле докази за вмешаност на руски воени агенти во огромната експлозија во која загинаа две лица. Тој рече дека Чешка, како суверена држава, мора да реагира на овие наоди.

„Постои основано сомневање за вмешаност на офицери на руската разузнавачка служба ГРУ, единица 29155, во експлозијата на складиштето на муниција во областа Врбетице“, рече Бабиш.

Министерот за внатрешни работи Јан Хамачек, кој служи и како министер за надворешни работи, рече дека вработените во руската амбасада се јасно идентификувани како руски воени шпиони.

„Осумнаесет вработени во руската амбасада мора да ја напуштат нашата република во рок од 48 часа“, изјави Хамачек пред новинарите.

Во Русија, новинската агенција Интерфакс го цитираше Владимир Џабаров, првиот заменик-шеф на комитетот за меѓународни работи на горниот дом, според кој тврдењата на Прага дека руските разузнавачи биле вмешани во експлозијата се апсурдни.

Одговорот на Москва на протерувањето на 18-те дипломати треба да биде пропорционален, рече денеска Џабаров.

Неколку експлозии го потресоа складиштето за муниција Врбетице, 330 км југоисточно од главниот град Прага, на 16 октомври 2014 година.

Во експлозиите загинаа вработени во приватна компанија што го изнајмуваше магацинот од државна воена организација.

Освен тоа, чешката полиција вчера соопшти и дека трага по двајца мажи што поседуваат разни пасоши, вклучително и руски со имињата Александар Петров и Руслан Боширов.

Тие имиња беа псевдоними користени од двајцата руски воени разузнавачи што британските обвинители ги обвинија за обид за убиство на британско тло на рускиот шпион Сергеј Скрипаљ. И тие и Москва негираа вмешаност.

Скрипаљ и неговата ќерка Јулија беа отруени со нервен агенс во англискиот град Солзбери во март 2018 година. Нападот ја предизвика најголемата низа протерувања дипломати меѓу Москва и Западот од Студената војна.

Легенда под Главна слика

Фото: ЕПА

Законот за високо образование јасно и прецизно ја пропишува постапката за избор во наставно-научни и соработнички звања на високообразовните институции во нашата држава-Македонија.

повеќе

На три месеци пред избори, Владата носи закони и уредби со катастрофални последици по граѓаните, што е просто неверојатно.

повеќе

ДУИ, која по конфликтот го вееше албанското црвено - црно знаме, потоа синото, на следните избори ќе го вее зеленото.

повеќе