Нова стратегија

Чешка планира воведување „паметен карантин“

Чешка планира да воведе „паметен карантин“, односно систем за брзо следење и изолирање на лицата кои биле во контакт со заразени лица за постепено да ги ублажи рестриктивните мерки кои во моментов се на сила, пренесува Ројтерс.

Во последните пет дена  просечниот број на новозаразени во оваа земја е 224 на ден, што е помалку од претходните пет дена иако поголемиот број луѓе се тестирани. Чешка има 5.335 регистрирани случаи на зараза со коронавирусот и 104 смртни случаи од компликации од инфекцијата.

Намалувањето на стапката на бројот на новозаразени отвора простор за примена на системот за следење на контактите по примерот на Јужна Кореја, каде воени тимови за тестирање и кол-центрите ги користат мобилните телефони и платежните картички за да ги следат лицата кои биле во контакт со заразените и се сместени во карантин.

Роман Примула, главниот епидемиолог на чешкиот кризен штаб, изјави дека податоците укажуваат дека епидемијата во земјата е под контрола и дека растот на новозаразените е помал од очекуваниот, како и дека мерките насочени на целата популација полека ќе бидат заменети со мерки кои ги таргетираат поединците под ризик.

Целта на планот е да се идентификуваат лицата кои се под најголем ризик од зараза, односно лицата кои биле во близок контакт со заболени или најмногу време минале со нив, а потоа и што побрзо да се сместат во карантин за да се спречи ширење на заразата, најмногу во рок од три дена.

Примула истакна дека не е нужно овие лица веднаш да бидат тестирани, туку дека е најважно да бидат сместени во домашен карантин и дека тестирањето ќе се изврши подоцна. Тој напоменува дека тестирањето на првиот ден би можело да покаже лажно негативни резултати.

Новата стратегија треба постепено да почне да се воведува во текот на следната недела.

Кога може оние кои пукаа по нас, оние кои ги убија Аце, Коки и Оливер да бидат на слобода, зошто не би бил помилуван и ти?

повеќе

Го регистрираме името Јунајтед Маседонианс и тогаја сетне почнаме да прајме отворени Илинденцки пикници – македонцки илинденцки, не со Богарите. Сами ние Македонци и народо трна.

повеќе

Она она што го нудат медиумите во времето на ковид-19 покажа колку тие не се подготвени за да известуваат во време на криза, а кризите ги има сè почесто.

повеќе