Чешка пејачка антиваксер почина откако намерно се зарази со ковид-19, вели синот

Чешка фолк-пејачка што се противеше на вакцинацијата против коронавирусот почина откако намерно се зарази со вирусот, изјави нејзиниот син.

Фото: Фејсбук

Хана Хорка, од фолк-бендот Асонанца, почина во неделата на 57-годишна возраст откако намерно се изложила на вирусот дома додека нејзиниот син и сопруг биле болни, пренесе Си-ен-ен.

Хорка сакала да се зарази за да „заврши со ковидот“, рекол нејзиниот син Јан Рек во понеделникот.

„Дојдов овде бидејќи дебатата е многу важна и сакам да ги предупредам луѓето“, рече Рек, кој додаде дека и тој и неговиот татко биле вакцинирани.

„Мајка ми сакаше да се разболи за да добие ковид-пропусница“, рече Рек. „Таа мене ми рече, па дури и јавно велеше дека сака да се зарази, за да заврши со ковидот“.

Рек рече дека неговата мајка добивала неточни информации за вирусот „од нејзиниот социјален круг“.

Хорка „намерно игнорираше некои факти и коментари што ги побиваа нејзините аргументи“, додаде Рек. „Таа намерно сакаше да се разболи“, рече тој.

„Таа живееше според понекогаш дури и неповрзани информации за здравјето воопшто, но отсекогаш постоеше оваа основна мисла дека природата ќе се погрижи за сè и дека само ние самите се познаваме најдобро“, рече тој.

Рек рече дека дури се согласува со некои од аргументите на неговата мајка, „како кога зборувавме за превентивна медицина, но штом се создаде притисокот, таа изгради дебел ѕид околу себе“.

Хорка споделуваше објави од невакцинирани јавни личности на социјалните мрежи, а Рек беше прашан дали ги обвинува тие луѓе за смртта на неговата мајка.

„Мислам дека е така бидејќи тие луѓе имаат моќ да влијаат и не ги обвинувам нивните ‘следбеници’, туку ми пречи нивниот статус на авторитет“, рече тој. „Мислам дека е важна комуникацијата, дури и од нивна страна, и некој вид размислување за тоа.“

Идејата за намерен обид да се фати варијантата омикрон е сè попопуларна, но лекарите предупредија да не се прави тоа.

„Луѓето зборуваат за омикрон како да е настинка. Тој не е лоша настинка“, рече д-р Роберт Марфи, извршен директор на Институтот за глобално здравје Хеви на Медицинскиот факултет Фајнберг на Северозападниот универзитет. „Тоа е животозагрозувачка болест.“

Легенда под Главна слика

Фото: Фејсбук

За пишувањата на Хари Костов за проблемите на државата – ако компетентен човек зборува за нефункционирањето на правната држава, кое има директен одраз врз економијата, не може тоа да се заврши со охридскиот уличен жаргон.

повеќе

Колку и да сакаме Украинците да добијат целосна правда, на ерата на славни војни, несомнени победи и чисти порази ѝ дојде крајот. 

повеќе

Македонскиот народ мора да ја заштити автокефалноста на својата Македонска православна црква - Охридска архиепископија, како еден од носечките елементи на неговиот идентитет, од сите загрозувања од Фанар, од СПЦ и другите меѓународни црковни и други чинители. Време е за нов Македонски црковно-народен собир, како во 1945 година.

повеќе