Чешка и Словачка забранија влез за невакцинираните во угостителските објекти

Луѓето кои не се вакцинирани против коронавирус, а немаат доказ дека неодамна го преболеле ковид-19, од понеделник нема да можат да влезат во угостителските објекти и јавните служби во Чешка и Словачка, откако овие земји забележаа пораст на бројот на заразени и хоспитализирани.

EPA-EFE/MILAN KAMMERMAYER

Двете земји ги усвоија овие мерки минатата недела, а соседна Австрија воведе карантин во понеделникот за сите жители.

Чешката влада испрати војници на помош во болниците, во кои се наоѓаат 700 лица на одделенијата за интензивна нега. Подоцна во понеделникот, владата ќе расправа за можно воведување на вонредна ситуација која ќе им овозможи на студентите по медицина да помагаат во болниците.

Согласно одлуката на чешките власти, само лицата кои се вакцинирани или имаат доказ дека го преболеле ковид-19 во последните шест месеци ќе можат да посетуваат ресторани, хотели, јавни институции или настани како што се спортски натпревари.

Медицинската комора се залага за уште порестриктивни мерки, односно за карантин.

Во Чешка, наскоро треба да се формира нова влада, откако партијата на премиерот во заминување Андреј Бабиш беше поразена на изборите во октомври. Бабиш порача дека Чешка нема да воведе карантин, додека претставниците на победничката коалиција, исто така, зборуваа против карантин и затворање на училиштата.

Демонстрации против новите мерки се очекуваат пред Прашкиот замок подоцна во понеделник.

Во големи делови на Словачка со одлука на владата, рестораните можат да служат храна само на терасите, а невакцинираните не можат да одат во ресторани.

Владите со рестрикции сакаат да го зголемат бројот на вакцинирани. Околу 60 отсто од Чесите примиле најмалку една доза на вакцина против ковид-19, додека 46,8 отсто од Словаците се вакцинирани против ковид-19, а помалку вакцинирани отколку во Словачка се само во Романија и Бугарија од земјите на ЕУ.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE/MILAN KAMMERMAYER

После речиси две години очигледно е дека менталното здравје на вработените е исто важно како и нивното физичко здравје. Сега повеќе од било кога, неопходен е силно развиен систем за управување со човечки ресурси.

повеќе

Јазикот е многу повеќе од структура на една реченица или граматика, јазикот е нашата историја, нашите обичаи и нашето наследство...

повеќе

Овој отпад, освен тоа што ја загадува животната средина, исто така предизвикува дефекти во машините, ги оштетува контејнерите и го спречува транспортот на друг отпад.

повеќе