Премиерот порача дека земјата се враќа во нормала

Чешка: Бабиш во предизборна кампања објави крај на пандемијата, епидемиолозите демантираат

Чешкиот премиер Андреј Бабиш објави во кампањата пред октомвриските парламентарни избори дека пандемијата на ковид-19 во Чешка завршува и дека земјата се враќа во нормална состојба, што веднаш го демантираа епидемиолозите, а и најновите статистики.

EPA-EFE

„Ковид-19 завршува, се враќаме во нормала“, им порача на Чесите на Фејсбук премиерот Бабиш во редовното неделно видео-обраќање „Чао луѓе“ и како доказ се пофали дека бил на концерт со дури 9.000 луѓе во публика.

Поранешниот министер за здравство, сега советник на чешкиот претседател Милош Земан епидемиологот Роман Примула предупреди меѓутоа дека доаѓа нов бран на пандемијата кој барем во Европа ќе биде интензивен, а дека Чешка може да го дочека со повеќе оптимизам бидејќи е висок процентот и на вакцинираните и на луѓето кои го прележале коронавирусот.

„Поради тоа ќе ни биде подобро отколку во низа западни земји но сè уште поради вкупните бројки не би се изразил дека ковид-19 едноставно си заминал. Ковид-19 сè уште не исчезнал“, реагираше на изјавата на премиерот Примула за чешкиот таблоид Блеск.

Примула минатата недела предупреди дека од над 30.000 смртни случаи од ковид-19 во Чешка најмалку 15.000 воопшто не морале да се случат доколку владата на премиерот Бабиш минатата година не била уверена дека го совладала првиот бран во пролетта 2020 година и по есенскиот драматичен бран пред Божиќ не попуштела и накратко не ги извадила Чесите од карантин.

Пред регионалните избори во октомври минатата година премиерот Бабиш лично интервенираше и го спречи министерот за здравство Адам Војтех да ги заостри мерките, на пример да ги врати задолжителните заштитни маски бидејќи тоа не би било популарно кај гласачите, а следеа есента и зимата кога Чешка со месеци беше на врвот на листата на земјите кои најлошо се справуваат со пандемијата и имаат најмногу мртви на милион жители.

Од почетокот на пандемијата во март минатата година во Чешка со коронавирусот се заразиле 1,68 милиони луѓе, од кои починале 30.416.

Во Чешка од 10,7 милиони жители против ковид-19 со двете неопходни дози се вакцинирани 5,85 милиони луѓе, а барем една доза добиле повеќе од шест милиони.

„Пандемијата никако не треба да се политизира. Клучно е да се наговорат што повеќе луѓе да се вакцинираат. Целосно се вакцинирани 54 отсто. Даваме сè помалку дози и сега мораме да направиме нешто тоа да се прекрши. Ако се врати епидемијата луѓето повторно ќе почнат да умираат“, предупреди шефот на Лекарската комора на Чешка Милан Кубек.

Сегашниот министер за здравство Адам Војтех не очекува Чешка повторно поради ковид-19 да мора да ги затвора продавниците и услужниот сектор по предупреди дека некои од мерките, како обврската за заштитна маска внатре и задолжителните негативни тестови за некои од услугите или активностите мора да останат на сила додека не се вакцинираат 75 отсто од Чесите.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

Првичната реакција на голем број држави кога се појави новата варијанта на ковид-19 вирусот за забрана на патувањето од Јужна Африка и од соседните држави, иако истиот веќе се има проширено, е очајна мерка. Всушност, државите можеби се и подобро подготвени отколку што мислат за што и да следи.

повеќе

Со неколку геополитички шаховски потези, Кина докажа дека не секогаш оружјето и војните се единствениот начин за глобална доминација.

повеќе

Македонија може да ги задоволи потребите од електрична енергија ако на површина од 160 км2 постави соларни панели, а инвестицијата за тоа е 2,4 милијарди евра.

повеќе