Чавушоглу: „Турција сака мир со Грците“

Турскиот министер за надворешни работи Мевлут Чавушоглу изјави дека Анкара сака да ги поправи односите со Грција.

Чавушоглу вели дека Турција сака да усвои пакет договори кои ќе се однесуваат на односите меѓу двете земји во Егејско Море и источен Медитеран, пренесе грчкиот весник Екатимерини.

Тој рече дека на источниот Медитеран не се потребни понатамошни истражувања или бушотини кои Турција веќе извесно време ги спроведува, но додаде и дека Турција никому нема да дозволи да ги предизвика нејзините суверени права за таа област.

Новиот грчки министер за надворешни работи, Никос Дендиас во грчкиот парламент рече дека Грција нема да толерира закани за војна, провокативни активности и еднострани барања, но дека истовремено ќе промовира политика на добрососедски односи и почитување на меѓународното право и договори.

Што се однесува до Кипар, Дендиас истакна дека „очигледниот“ услов за продолжување на разговорите за повторно обединување е Турција да прекине со нелегалното бушење и истражување на брегот на островот, како и да ги отстрани своите бродови од ексклузивната економска зона околу Кипар.

Грчкиот министер за одбрана, Никос Панајотопулос повтори слични ставови, велејќи дека Атина не може да прифати однесување кое директно го оспорува грчкиот територијален интегритет и суверените права, како и кршење на меѓународните договори.

Панајотопулос, исто така, ги критикуваше „нелегалните“ постапки на Турција во ексклузивната економска зона на земјите-членки на ЕУ, додавајќи дека Грција ќе се обиде да одржи канал за комуникација преку спроведување на серија акции, во рамки на мерките за изградба на доверба меѓу Анкара и Атина. „Искрено се надеваме дека Турција ќе тежнее кон тоа“, додаде Панајотопулос.

Брегзитот, односно напуштањето на Велика Британија на ЕУ, без сомневање ќе влијае врз градењето на новата политичка архитектура во Европа, со нова поделба на интересни зони на стариот континент.

повеќе

Германската канцеларка Ангела Меркел, меѓу другите, беше гневна; Балканот помодре од бес. ЕУ сега се обидува да го натера Макрон да го тргне ветото пред Европскиот самит во март.

повеќе

Мојата заложба е конечно законите и прописите наместо инструмент за спроведување лични интереси, да ја добијат вистинската функција, заштита на интересите на граѓаните. За жал...

повеќе