Турскиот министер остро по францускиот претседател

Чавушоглу го обвини Макрон за „спонзорирање тероризам“

Турскиот министер за надворешни работи Мевлут Чавушоглу го обвини францускиот претседател Емануел Макрон за „спонзорирање тероризам".

Макрон претходно ја критикуваше турската офанзива во Сирија против курдската милиција.

„Тој веќе е спонзор на терористичка организација и постојано ги гости во Елисејската палата. Ако тој вели дека негов сојузник е терористичка организација... навистина нема што повеќе да се каже“, рече Чавушоглу, пренесе Ројтерс.

„Макрон не може да ѝ биде лидер на Европа ако вака се двоуми. Во Европа постои празнина, тој се обидува да биде нејзин лидер, но лидерството доаѓа природно“, рече Чавушоглу пред новинарите во парламентот.

Анкара смета дека курдските сили во Сирија се терористичка организација која е поврзана со курдските сепаратисти во Турција, и затоа на 9 октомври започна офанзива против нив.

Минатиот месец, Макрон се состана со портпаролката на Сириските демократски сили предводени од Курдите, за да ја изрази солидарноста на Франција во нивната борба против Исламската држава во Сирија.

Претходно, Макрон рече дека Турција не може да очекува солидарност од сојузниците на НАТО во времето кога ја започна својата офанзива на Сирија како „свршен чин“.

„Шарената револуција“ беше енергија и граѓански порив за промени. Малку застранивме.

повеќе

Државниот врв на Србија, вклучително и група лекари кои ја предводат борбата против ширењето на вирусот корона, во најмала рака го игнорираа влошувањето сè додека не заврши гласањето.

повеќе

Како Босна и Херцеговина се справи и се уште се справува со кризата предизвикана од пандемијата? Зошто немавме единствен кризен штаб на ниво на држава? 

повеќе