Дејвид Харли, австралискиот генерален гувернер во Канбера го прогласи принцот Чарлс за австралиски крал Чарлс Трети.
Премиерката на Нов Зеланд, Џасинда Ардерн го поздрави Чарлс на слична церемонија во Велингтон, велејќи дека тој го сака Нов Зеланд и постојано ја покажува својата длабока грижа за нацијата.
Двата церемонии беа чисти формалности. Австралија и Нов Зеланд се две поранешни британски колонии, кои се независни со децении, но задржаа монарх на чело на државата.
Австралискиот премиер Ентони Албанезе, кој наскоро ќе отпатува во Лондон за да присуствува на погребот на кралицата Елизабета Втора, изјави дека 22 септември во Австралија ќе биде државен празник во чест на починатата кралица.