В.д. национален советник за безбедност

Чарлс Купермен е наследникот на Болтон

Вршител на должноста советник за национална безбедност на САД ќе биде Чарлс Купермен, досегашен заменик на Џон Болтон, рекле од Белата куќа за Би-би-си.

Откако американскиот претседател Доналд Трамп на Твитер објави дека го отпуштил советникот за национална безбедност, се појавија информации дека Трамп и Болтон имале несогласувања за голем број предизвици во надворешната политика, од Авганистан до Иран.

Многумина во Белата куќа не биле задоволни ниту од однесувањето на Болтон, а неименуван извор за Би-би-си рекол дека тој создал посебен ентитет од Советот за национална безбедност.

„Болтон работи одделно од остатокот од Белата куќа“, рекол поранешен функционер на администрацијата на Трамп, кој сакал да остане анонимен.

Според неговите зборови, Болтон не присуствувал на состаноците и ги следел сопствените иницијативи.

„Тој води сопствено шоу“, рекол официјалниот претставник.

Друг службеник на Белата куќа за Си-би-ес њуз, американскиот партнер на Би-би-си, рекол дека Болтон секогаш имал свои приоритети и дека никогаш не го прашал претседателот кои се неговите приоритети.

Поранешен висок функционер во американската администрација рекол за Си-би-ес дека инсистирањето на Болтон сè да биде по негово разгневило многу луѓе во Белата куќа, вклучително и претседателот.

Последниве месеци барањата за разрешување на Болтон станувале сè погласни, а изминативе две недели веќе се знаело дека Болтон е следниот во редот за отказ.

Дописничката на Би-би-си од Белата куќа еднаш го прашала Болтон каков е неговиот однос со претседателот, по што тој прснал во смеа.

Откако Трамп објави дека го отпуштил од функцијата, Болтон во пораката на телевизијата Фокс њуз инсистираше дека тој поднел оставка како советник за национална безбедност.

Тој на новинарот на Вашингтон пост Роберт Бонс му пишал дека и тој „ќе има што да каже“ и дека „неговата единствена грижа е американската национална безбедност“.

Болтон, кој е на функцијата од април 2018 година, беше трет советник на Трамп за национална безбедност, по Мајкл Флибен и Х.Р. Мекмастер.

Оваа администрација нема намера Скопје во догледна иднина да стане одржлив зелен град и тоа е јасно одразено во буџетот за 2020 година.

повеќе

Излегува дека само Македонците на овој свет се должни пред сè да се грижат за правата на сите други луѓе и на крајот да размислуваат (но само да размислуваат) за себе.

повеќе