Церар: Хрватска може во Шенген само ако ги исполни сите услови

Словенечкиот министер за надворешни работи Миро Церар денес кажа дека ставот на Словенија околу вклучувањето во Шенген зоната е дека Хрватска мора да го почитува владеењето на правото и да оневозможува нелегални емиграции.

„Словенија во врска со хрватското вклучување во Шенген има јасен став, начелно го поддржуваме хрватското вклучува под услов Загреб да ги исполни сите услови, односно да обезбеди цврста граница и да ги сузбие нелегалните емиграции“,кажа Церар во Љубљана по разговорот со холандскиот министер за надворешни работи Стеф Блок и додаде дека Хрватска мора да го почитува и меѓународното право.

Церар на заедничката конференција за новинарите со колегата од Холандија кажа дека Словенија и Холандија имаат исти погледи на демократските вредности и дека Словенија во тој поглед е слична со Холандија и останатите земји од Бенелукс, а ги поврзуваат приврзаноста кон мултикултурализмот и почитувањето на владеењето на правото.

Околу состојбата на западниот Балкан и неговото приклучување на евроатлантските интеграции Церар кажа дека ставот на Словенија е дека државите треба да се интегрираат во ЕУ и дека Македонија и Албанија што побрзо треба да добијат покана за преговори за членство.

Словенечката страна во повеќе наврати го поврзуваше прашањето на хрватското влегување во Шенген зоната со почитувањето на арбитражната пресуда за границата меѓу Хрватска и Словенија, која Хрватска ја отфрли со оценка за контаминираност на арбитражниот процес од словенечка страна. Хрватска смета дека прашањето на границата е билатерално прашање и дека треба двете страни заедно да го решат.

Ако идниот премиер биде македонски Албанец и ако успее сите граѓани на Македонија да се поклонуваат под едно знаме, тогаш – зошто да не!

повеќе

Стана премногу вообичаено да се слушнат повици за брза и сериозна одмазда како одговор на недокажани престапи на говорот и мислата, велат Ноам Чомски, Џ.К. Роулинг и 150 други интелектуалци во отворено писмо до јавноста.

повеќе

Додека повеќето земји во светот се соочуваа со двојна, здравствена и економска криза, Косово преминуваше во тројна криза заради политичките случувања.

повеќе