Гардијан јавува дека се слушнало и пукање, и дека наводно пукал еден од демонстрантите.
Од Капитол е евакуиран потпретседателот на САД Мајк Пенс.
Protesters have breached the Capitol. They’re outside the Senate chamber pic.twitter.com/I021tKliUD
— Igor Bobic (@igorbobic) January 6, 2021
Вашингтон пост јавува дека Белата куќа го одбила барањето на полицијата на Вашингтон Националната гарда да помогне во ситуацијата околу Капитол хил, кој е опколен од поддржувачите на Трамп.
Трамп претходно во говорот во близина на Белата куќа го обвини дури и својот потпретседател дека не му помага бидејќи одби да го блокира потврдувањето на победата на Бајден.
Поранешниот шеф на полицијата на Вашингтон Чарлс Ремзи ситуацијата ја опиша како „нешто најблиско до државен удар што сме го виделе во оваа држава“.
Трамп претходно денес кажа дека „никогаш нема да го признае поразот“.