По најавата на претседателот Путин за измени во Уставот

Цела руска влада поднесе оставка

Рускиот премиер Дмитриј Медведев изјави дека владата на земјата поднесува оставка.

Изјавата следеше веднаш по завршувањето на годишното обраќање на претседателот Владимир Путин до јавноста.

Путин ја прифати оставката на владата и побара од министрите да дејствуваат како привремена влада сè додека не се формира нова, пренесува РТ.

Пред да ја објави оставката на владата, Медведев се состана со Путин за да разговара со него за обраќањето до јавноста.

Путин рече дека планира да воспостави место заменик секретар во Рускиот совет за безбедност и да му го понуди на Медведев.

Овозможувањето континуитет на стопанството треба да биде на прво место во агендата на Владата, бидејќи закрепнувањето на економијата ќе дојде токму од приватниот сектор.

повеќе

Светот првично се соочи со кризата предизвикана од коронавирусот на некоординиран начин, при што огромен број држави едноставно ги игнорираа предупредувањата и настапуваа самостојно.

повеќе

Пандемијата на коронавирусот која го зафати целиот свет, не само што има огромно влијание врз јавното здравство, општеството и економијата како целина, туку предизвика пустош и во спортот.

повеќе