Цела Италија сопре, одржана минута молчење, државната телевизија го емитуваше „Реквием“ (ВИДЕО)

Денес точно на пладне со минута молчење во сите општини во Италија им беше оддадена почит на сите што починаа од коронавирусот во земјата.

Владата на Италија најави продолжување на мерките на ограничување на уште две недели, но сѐ повеќе луѓе сакаат да знаат кога може да се очекува крајот на карантинот.

Началниците на општините денес застанаа пред зградите на своите општини, со италијанското знаме на половина копје, во знак на жалост, и во тишина изразија солидарност со семејствата што ги изгубија своите најмили, во знак на поддршка на заедниците што ја плаќаат највисоката цена на епидемијата, како и во чест на здравствените работници што во првите редови се борат против вирусот.

Италијанската радио-телевизија по тој повод го емитуваше „Реквием“ на Џузепе Верди.

„Новото нормално“ неизбежно со себе ќе носи неизвесност и страв бидејќи заканата од вирусот наѕира во позадина и не може да се искорени.

повеќе

„Шарената револуција“ беше енергија и граѓански порив за промени. Малку застранивме.

повеќе