Борис Џонсон соопшти

Цела Британија во карантин: „Седете дома за да го заштитите нашиот здравствен систем“

Од вечерва Британците мора да седат дома и да излегуваат само за најосновните потреби.

Ним им е дозволено да излезат до продавница по намирници, на една вежба на ден, како што е трчање, смеат да излезат по лекови и здравствена заштита и да патуваат до и од работа.

Џонсон рече дека секој собир, дури и оној што е со цел купување намирници што не се неопходни, ќе се казнува.

Во јавноста не смее да се собираат повеќе од две лица освен ако повеќе луѓе живеат заедно.

„Ако се разболат премногу луѓе истовремено, нема да можеме да се справиме. Ова значи дека ќе умрат повеќе луѓе, не само од вирусот, туку и од други болести. Затоа, мора да го намалиме бројот на пациентите низ подолг период“, рече премиерот.

„Веднаш ги затвораме сите продавници што не продаваат прехранбени продукти, ги забрануваме собирите на повеќе од две лица, освен луѓе што живеат заедно“, рече премиерот, додавајќи дека сè ќе биде контролирано од полицијата.

Мерките се воведуваат на најмалку три недели.

„Полицијата ќе смее да казнува и да ги брка насобраните“, рече Џонсон.

Британската влада ги забрани и сите свадби, крштевки, и други верски обреди освен погреби.

„Не се собирајте со пријателите. Ако ве викнат да се сретнете, одбијте ги. Не се состанувајте со членовите на семејството што не живеат во вашето домаќинство. Не купувајте ништо друго освен основните продукти, како храна и лекови. И тоа правете го што е можно поретко. Користете ги доставите на храна секогаш кога можете“, додаде тој.

„Ниту еден премиер не сака да воведе вакви мерки“, рече Џонсон, велејќи дека нема друга опција.

„Секој пат кога ќе останете дома, ни давате повеќе време да го зајакнеме здравствениот систем. За вакцина, за одмор на лекарите“, додаде тој.

„Ќе го победиме коронавирусот, и тоа заедно. Останете дома, заштитете го нашиот здравствен систем“, рече тој.

Македонија спаѓа во групата држави во кои се преземени ригорозни ограничувања на човековите права заради справување со коронавирусот. 

повеќе

Даночните затајувачи сѐ почесто се мали фирми, кои сѐ потешко се следат.

повеќе

Повлекувањето на Обединетото кралство од ЕУ (Брегзит) е правен потфат без преседан во историјата на правото.

повеќе