Бутан првпат воведе општ карантин - поради едно заразено лице

Властите на Бутан денес првпат прогласија општ карантин, откако граѓанин позитивен на коронавирусот бил во близок контакт со луѓе во главниот град.

Оваа одлука, со која ќе се ограничи движењето на граѓаните на една земја со население од 750.000, беше донесена откако 27-годишна државјанка на Бутан по враќањето од Кувајт била тестирана за коронавирус и како негативна на ковид пуштена од изолација, но по повторното тестирање била позитивна, пренесе Ројтерс.

Овој неочекуван целосен карантин е прогласен со цел да се олесни трагањето по контакти на заразеното лице и да се запре ширењето на вирусот, соопштија надлежните.

Бутан, иако е земја што зависи од туризмот, во март ги затвори своите граници откако американски турист беше тестиран позитивно на ковид-19 и воведе тринеделен карантин за сите што се враќаат од странство.

Вкупно 113 луѓе беа заразени во тоа мало кралство на Хималаите.

Нашето законодавство дава поголема важност на едно парче хартија отколку на вистинската состојба на терен.

повеќе

Еве што знаат мнозинството Македонци и Бугари родени до 1980 година.

повеќе

И Софија ќе треба да не го запре македонското евро-интегрирање на самиот почеток – и Скопје ќе треба да ја декомунистицира и дејугословенизира својата елита, економија, политика, наратива и медиуми.

повеќе