Бурно во Сараево: „Ако може Косово, зошто да не и Република Српска“

Членовите на Претседателството на Босна и Херцеговина одржале синоќа онлајн состанок со шевот на дипломатијата на Европската Унија Жосеп Борел, пренесуваат босанските медиуми.

EPA-EFE

Српскиот член и претседавач на Претседателството Милорад Додик кажа дека со Борел разговарале за контроверзниот „нон-пејпер“ и актуелната епидемиолошка ситуација, како и за Косово и за позицијата на Република Српска.

По состанокот, Додик истакна дека Бошњаците упорно сакаат да ја реинтегрираат БиХ како што тие ја замислуваат, во која нема ни Срби ни Хрвати.

„Тоа е некое граѓанско подметнување кои тие стално го туркаат, бидејќи мислат дека им изгледа звучно на западните земји и бараат граѓанско уредување кое е апсолутно неприменливо во БиХ“, кажа Додик.

Според него, доколку во некој временски период е невозможно да се дојде до договор за рамката на БиХ и за тоа како да се оди понатаму, тогаш е најнормално да се очекува обид за мирно разидување.

„Тоа е она што му го кажав на самиот еврокомесар. Бидејќи тој искрено повика на разговор, искрено му кажав дека е невозможно да се очекува Србите да поддржат признавање на Косово и Метохија како независна држава, а Република Српска да ја остават да ја малтретираат во БиХ, како што тие мислат и сакаат“, истакна Додик.

Неопходно е, смета тој, да се најде баланс меѓу тоа, бидејќи две речиси идентични ситуации не може да имаат две различни решенија.

„Ако е Косово независно, зошто тогаш Република Српска не може да биде независна и по кој принцип?“, праша Додик.

„Ваквиот став предизвика реакција на другите два члена на Претседателството, а Жељко Комшиќ го напушти состанокот по моето тврдење дека е незгодно Претседателството да ги води тие преговори бидејќи го имаме Комшиќ кого останатите претставници на хрватскиот народ не го сметаат за легитимен“, кажа Додик.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

Законот за високо образование јасно и прецизно ја пропишува постапката за избор во наставно-научни и соработнички звања на високообразовните институции во нашата држава-Македонија.

повеќе

На три месеци пред избори, Владата носи закони и уредби со катастрофални последици по граѓаните, што е просто неверојатно.

повеќе

ДУИ, која по конфликтот го вееше албанското црвено - црно знаме, потоа синото, на следните избори ќе го вее зеленото.

повеќе