Претседателот на ЕПП му посака среќа на претседателот на Србија

Бурни реакции на пофалбите на Туск за Вучиќ

Постот во кој претседателот на Европската народна партија (ЕПП) Доналд Туск го пофали српскиот претседател Александар Вучиќ и му посака среќа на изборите во недела, наиде на бурни реакции.

EPA-EFE

Поранешниот шеф на Европскиот совет објави на Твитер дека имал пријателски разговор со Вучиќ.

„Драг претседателе, имате целосно право да бидете горд и задоволен од она што го направивте за Србија за време на својот мандат. Економските успеси и силното лидерство се заштитниот знак на вашето владеење. Среќно во недела!“, напиша Туск. Претставниците на граѓанското општество и академската заедница оценија дека пофалните зборови на Туск не одговараат на моменталната состојба во Србија.

Флоријан Бибер, политиколог и професор на Универзитетот во Грац, оцени дека Србија повеќе не е демократија и дека во последните години, заедно со Црна Гора и Унгарија, назадувала во хибриден режим, според извештајот на Фридом хаус.

„Силното лидерство значи авториаризам“, напиша Бибер на Твитер. „Со некритички изјави како оваа, Доналд Туск го губи кредибилитетот да ја критикува Фидес (владејачката партија во Унгарија) или владата на Правото и правдата (Полска). Тоа овозможува авторитаризам и ги поткопува кредибилитетот и вредностите на ЕУ“, истакна Бибер.

Ведран Џихиќ, од Австрискиот институт за меѓународни работи, напиша дека станува збор за „пријателски потсетник“ дека поддршката за оние кои ја поткопуваат слободната изборна кампања, ги злоупотребуваат институциите за да ја зајакнат моќта, го претвораат владеењето на правото во владеење со право и ја ограничуваат слободата на медиумите, се оние кои ги загрозуваат европските вредности. „Како да не ја научивте оваа лекција од Орбан, господине Туск“, му одговори на Твитер Џихиќ, мислејќи на унгарскиот премиер.

„И потоа луѓето во Брисел се прашуват зошто ЕУ повеќе нема кредибилитет на Балканот“, објави Тоби Вогел од германскиот Совет за политика на демократизација. Српската напредна партија на Вучиќ е придружен член на Европската народна партија, најголемата група во Европскиот парламент.

Претседателот на српската Партија на слободата и правдата, Драган Ѓилас, му упати на Туск отворено писмо, во кое му порача дека Србија под власта на Вучиќ не е земја на економски успеси туку државата со најмала стапка на раст во регионо од која секоја година заминуваат 60.000 луѓе, и која влегува во должничко ропство кон Кина. „Единственото објаснување за Вашата вчерашна изјава е дека вие, господине Туск, сте го замениле господинот Вучиќ со некој од лидерите на напредните европски земји“, напиша Ѓилас.

Потсетувајќи на извештајот на Фридом хаус дека Србија предводена од Вучиќ влегла во фазата на таканаречен хибриден режим, Ѓилас на Туск му замери што го поддржал режимот „кој ги затвори медиумите за сите неистомисленици, за што зборуваат и извештаите наа организацијата Репортери без граници“.

Тој на Туск му порача дека српската опозиција не постои во медиумите со национална фреквенција веќе осум години и дека во провладините медуми неказнено се спроведуваат кампањи против опозиционерите.

„Дали знаете дека 97 отсто од нашите граѓани, кои се информираат преку јавниот телевизиски сервис кој го контролира Вучиќ, мисли дека за време на епидемијата на коронавирусот Кина ја спасила Србија? Дали знаете дека нашата власт зема повеќе милијарди неповолни кредити од Кина кои ќе ги враќаат генерации?“, праша Ѓилас.

Тој оцени дека не постојат услови за избори во Србија, каде „демократијата е нападната од страна на режимот, а изборите за кои зборувате не се ни легални, ни легитимни. Јасно е дека во Србија нема ништо за што би му честитале на Вучиќ“.

Ѓилас го повика Туск, ако веќе не е спремен тоа да го види, барем да не му помага на Вучиќ да го скрие тоа од европската јавност.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

Во либералните демократии веќе со години се продлабочува политичката поларизација, се намалува довербата во владеењето на правото и, институционално гледано, состојбата општо се распаѓа.

повеќе

Како по ѓаволите успеаја политичарите да го претворат токму Гоце Делчев во повод за поделби и омраза?

повеќе

Независна Македонија не може да се пофали со успешно менаџирање на етничките прашања, а првите „грешки“ се прават во првите денови од независноста.

повеќе