Бури и поплави во Германија – исчезнаа најмалку 70 лица (ФОТО+ВИДЕО)

Невреме, проследено со континуиран дожд, порој и поплави, ја погоди Германија. Најмалку четири лица загинаа, а бројот на исчезнатите се искачи на 70 лица.

Фото: ЕПА

Невремето особено тешко ја погоди федералната покраина Рајнска област-Пфалц. Шест куќи се срушија во еден град во Ајфел. Десетици луѓе се водат како исчезнати. Во округот Арвајлер има најмалку четири мртви.

Според полицијата во Кобленц, голем број куќи се нестабилни и се во опасност да се урнат. Повеќе од 30 лица во моментов се водат како исчезнати во тој град.

Во неколку други градови во Ајфел луѓето останаа заробени во куќите опкружени со вода. Планирани се спасувања со хеликоптери. Прогласена е вонредна состојба во неколку области во Рајнска област-Пфалц поради природна катастрофа.

Во Битбург-Примус, исто така во областа Ајфел, ситуацијата е крајно опасна. Двајца помошници од организацијата за техничка помош ТХВ беа заробени во поплавите и нивните животи се во опасност, како што објави јавниот сервис СВР.

Двајца пожарникари загинаа во областа Меркишер Крајс. Еден од нив паднал во надојдената вода во обид да спаси човек. Друг пожарникар колабирал во спасувачката акција во близина на електраната Елверлингсен.

Ситуацијата е особено драматична во Ојскирхен на југозападот од Северна Рајна-Вестфалија, каде што се наоѓа браната Штајнбахталшпере, која може да пукне. Блискиот автопат А61 е целосно блокиран, соопшти полицијата. Организацијата за техничка помош и полицијата ја следат браната. Водата веќе почнала да се излева преку браната, така што во меѓувреме нивото малку се спуштило, но опасноста не е запрена.

Попуштила и браната Бевертал во Хикесваген. Водата тече неконтролирано преку работ на таа брана, изјави утрово портпаролот на локалниот Кризен штаб. Повеќе од 1.000 луѓе морале да ги напуштат своите домови.

135.000 жители на сојузната покраина Северна Рајна-Вестфалија останале без електрична енергија. Пожарникарите во покраината беа во акција во Келн, Дизелдорф, Дортмунд, Бохум, бидејќи водата влегувала во подрумите на многу куќи и гаражи, соборувала дрвја и поплавувала улици и патишта. Поплавите особено го погодија градот Вупертал.

Бурата „Бернд“ во средата предизвика тревога на многу места: имаше свлечишта и одрони на земја, улиците беа поплавени, стотици подруми беа полни со вода, а железничкиот и патниот сообраќај беа нарушени. Обилните дождови ги зафатија и провинциите Баден-Виртемберг, Саксонија и Баварија. Властите очекуваат водостојот на реките да продолжи да расте во текот на денот.

Легенда под Главна слика

Фото: ЕПА

Македонија може да ги задоволи потребите од електрична енергија ако на површина од 160 км2 постави соларни панели, а инвестицијата за тоа е 2,4 милијарди евра.

повеќе

Тешко е да се очекува дека ветото ќе биде туку-така тргнато. Дури и кога би се постигнал некаков договор, тоа би значело дека Македонија направила тешки и болни компромиси за да дојде до решение, имајќи ги предвид тврдите позиции на Бугарија.

повеќе

Лошите прогнози за инфлацијата и зголемувањето на цените на сите енергенси, не упатува кон еден заклучок - обновливите извори на енергија, заедно со вложувањето во самоодржливост и економијата на подарувањето сега се позначајни отколку кога и да е претходно.

повеќе