Две лица загинаа

Бурата Денис „удри“ по Британија со ветришта од 140 км/ч (ФОТО+ВИДЕО)

Најмалку две лица загинаа во Британија, а десетици илјади се соочија со хаосот предизвикан од бурата Денис.

Откажани се стотици летови.

Момче на возраст од 18 години се удавило во морето во Кент, а друг паднал од брод со резервоари за гориво во близина на пристаништето Маргејт.

Речиси 50.000 патници чекаат на аеродромите откако компанијата Изиџет откажа 234 лета, а уште 60 ќе бидат дополнително приземјени.

Издадени се осум предупредувања поради временските неприлики, вклучувајќи опасност по животот, откако биле забележани налети на ветер од 140 км/ч и врнежи до 15 сантиметри.

Во десетици градови кои сѐ уште ја санираат штетата која ја направи минатонеделната бура Кјара, ангажирана е војската за да ја зајакне одбраната од поплавите.

Експертите предупредуваат дека налетот на новата бура викендов ќе предизвика нови поплави.

Дали е аксиом дека со членството во НАТО е гарантирана безбедноста на Македонија? Дали почеток на преговори значи и отворен пат за членство во ЕУ?

повеќе

Што е со оние граѓани кои не се вклопуваат во нашиот (би)етнички дискурс?

повеќе

Постојат различни фактори кои влијаат на нивото на ризик кога станува збор за перење пари. Тоа може да биде од клиенти, региони, производи или ризик од финансиски инструменти. Разбирањето на овие ризици, како и факторите што придонесуваат, им овозможува на надлежните органи многу поефикасно да се заштитат од перење пари поврзано со корупција.

повеќе