Бунтовници во Сирија нападнале владини позиции недалеку од Алепо

Сириски бунтовници, поддржани од Турција, денес нападнале владини позиции лоцирани северо-источно од Алепо, објави Ројтерс. Така е отворен нов фронт со сириските воени сили кои минатата недела покрај Идлиб значително напредувале.

Нападот се случил на територијата во близина на градот Ал Баба, контролирана од Турците и нивните сириски сојузници од 2017 година. Сириската државна телевизија не извести за нов напад, а извор на Ројтерс од страната на бунтовниците соопшти дека турските сили не учествувале во нападот.

Според тие информации, досега се окупирани три села. Сириската опсерваторија за човекови права соопшти дека нападот го извршиле фракции лојални на Анкара.

Сириските владини сили, поддржани од Русија, оваа недела забрзано напредувале во Идлиб окупирајќи го градот Марар ал-Нуман, кој се наоѓа на околу 100 километри југо-западно од Ал Баба.

Идлиб и областа северно од Алепо се последниот дел од територијата на Сирија окупирана од бунтовниците.

Со новите заземања и напади извршени од владините сили, дојде до нови преселувања, па така стотици илјади жители избегале кон турската граница.

Турскиот претседател Таип Ердоган во петокот изјави дека неговата земја може повторно да го нападне Идлиб, ако борбите таму не запрат.

Специјалниот пратеник на САД за Сирија Џејмс Џефри во четвртокот изјави дека војувањето во Идлиб би можело да доведе до меѓународна криза.

Во Турција има околу 3,6 милиони бегалци од Сирија и постои можност да дојде нов бран заради настаните во Идлиб.

Наместо да седнат заедничи и оние од власта и оние од опозицијата и да се договорат околу стратегијата за борбата со најголемата опасност, тие мудруваат и кажуваат бајки.

повеќе

За жал во овие тешки времиња некои политичари се занимаваат и со вируски патриотизам: на корона не сме се обратиле мултилингвално.

повеќе

Кога кризата со коронавирусот ќе заврши, светот повеќе нема да биде ист, концептот на неолиберализмот ќе биде редизајниран.

повеќе