Лондон

Бунтот против истребување сака со помош на дронови да го затвори аеродромот Хитроу

Климатските активисти од Бунтот против истребување сакаат со помош на дронови да го затворат лондонскиот аеродром Хитроу летово во кампањата против плановите за изградба на трета писта на најпрометниот аеродром во Европа, објави групата во четвртокот.

Ова ќе претставува значителна ескалација на Бунтот против истребување, кој мобилизираше илјадници луѓе во мирна кампања на граѓанска непослушност која во април доведе до застој на делови во централен Лондон.

„На 18 јуни, планираме да спроведеме ненасилна директна акција за властите на Хитроу да го затворат аеродромот тој ден, да направат „пауза“ во знак дека го признаваат геноцидното влијание на активностите богати со јаглерод, како летањето, врз природниот свет“, се вели во нивното соопштение.

„Ова не е насочено кон јавноста, туку Владата да ја одржи својата должност и да преземе водство за итноста на еколошките и климатските промени“, рече групата.

Британските безбедносни сили се во состојба на готовност од декември, кога аеродромот Гатвик надвор од Лондон беше принуден да ги откаже летовите во текот на неколку дена, поради големите дронови близу периметарот. Во тој инцидент не бил вклучен Бунтот против истребување, изјавија тогаш високи членови на движењето.

Во предлог напишан од волонтери, активистите предложуваат употреба на дронови за да ги принудат властите да ги приземјат летовите на аеродромот Хитроу, додека други демонстранти ќе одржуваат излети. Активистите велат дека ќе избегнат било каков ризик за авионите, однапред информирајќи ги властите за своите планови, објави Ројтерс.

Ако владата не постапи според нивните барања по 18 јуни, активистите предложија затворање на аеродромот во првите две недели во јули.

Минатата недела, Сирија повторно беше на врвот на меѓународните вести. Земјата, која долги години е вклучена во борбата против екстремистичките групи, повторно се соочи со нов бран на агресија и воена акција. Во средата, на 9 октомври, турската армија, заедно со сириските антивладини бунтовници, го започна маршот кон североисточните делови на оваа земја што предизвика жестоки борби.

повеќе

Добар изборен систем треба да биде репрезентативен, но и да овозможува ефикасно владеење.

повеќе

Луѓето можете и ги задржите во сопствената земја - ако им е добро.

повеќе