Бунт поради бруталното заклучување во Кина, на луѓето не им беше дозволено да излегуваат надвор 100 дена (ВИДЕО)

Десет лица загинаа вчера во пожар во станбена зграда во Урумчи, Кина. Тамошните власти изјавија дека причина за смртоносниот пожар е неисправна инсталација и дека итната помош веднаш по повикот излегла на терен.

Фото: ЕПА

Меѓутоа, во меѓувреме се појавија сведоштва кои укажуваат дека последиците од пожарот немаше да ги достигнат овие размери доколку жителите на зградата не се плашеа да избегаат од неа, бидејќи се плашеа дека полицијата ќе ги уапси за прекршување на строгата политика на нулта толеранција за ковид. Овој немил настан се чини дека е последната капка што ги натера граѓаните да излезат на улиците на градовите низ Кина и да се побунат против репресијата.

„Укинете го затворањето за Ковид“, извикуваа демонстрантите, кои се судрија со полицијата и ги урнаа барикадите.

На снимката објавена во петокот вечерта се гледаат жителите, од кои многумина носат маски, како се собираат на улиците на градот, пеат и се расправаат со властите.

Еден од демонстрантите вика во мегафон, а на друго видео толпата ја пробива бариерата што ја обезбедуваат полицајци во заштитна опрема.

Во петокот вечерта Би-би-си пренесуваше и за демонстрантите собрани на скалите на градското собрание.

Сепак, Пекинг продолжува со политиката на нулта толеранција за ковид, покрај зголемениот број на нови инфекции и зголемениот гнев кај граѓаните.

Исто така, властите во кинескиот град Урумчи продолжуваат да ги негираат тврдењата дека луѓето не биле во можност да се спасат од пожарот во вторникот поради мерките за ковид-19.

Обвинувањата дојдоа откако еден жител изјави за Би-би-си дека луѓето што живеат во комплексот погоден од пожарот главно не можат да ги напуштат своите домови.

 Ова тврдење набрзо беше оспорено од кинеските државни медиуми. Меѓутоа, властите во Урумчи упатија ретко извинување во петокот вечерта, ветувајќи дека ќе го казнат секој што нема да ја извршува својата должност правилно.

Како „грешка“ го наведуваат тоа што пред зградата имало многу паркирани возила, што ги спречило пожарникарите да се приближат до зградата што гори.

Инаку, Кина е единствената земја во светот која сè уште инсистира на вакви строги мерки, што делумно се должи на релативно ниското ниво на вакцинација во земјата и напорите да се заштитат постарите граѓани.

Во Кина се воведени карантини и други строги контролни мерки, а на жителите на Пекинг им се советуваше да не ги напуштаат своите домови, освен ако тоа е апсолутно неопходно. Парковите, трговските центри и музеите исто така беа затворени, а продолжија и масовните тестирања за ковид.

Легенда под Главна слика

Фото: ЕПА

Калоѓера не може да премолчи, не може да замиже пред историската вистина на Македонија, па затоа во својот живот се определил да македонствува.

повеќе

Слушањето како способност да го фокусираме вниманието на аудитивните дразби е важен аспект на нашиот живот и значително влијае на неговиот квалитет во сите сегменти.

повеќе

„Ќе дојде ден, кога пазарите отворени за трговија и размена на идеи, ќе бидат единствените борбени полиња“ - Виктор Иго

повеќе