Бугарските социјалисти сакаат да го урнат Борисов?

Водечката опозициска Бугарска социјалистичка партија бара изгласување недоверба на владата на премиерот Бојко Борисов поради недостигот од напредок во борбата против корупцијата.

Ова се прави со тврдење дека „не е саботажа“ врз државата што тукушто го презеде претседавањето со Европската Унија.

Ројтерс оценува дека овој обид на социјалистите да ја урнат влада сепак најверојатно ќе пропадне и наведува дека владата од десниот центар, на чие чело е партијата на премиерот ГЕРБ, ја поддржува малата популистичка партија Волја и дека доколку ваквиот блок се воздржи од гласањето планирано за недела, иницијативата на БСП ќе пропадне со 41 глас помалку од неопходниот број во парламентот со 240 места.

ГЕРБ заедно со националистичката политичка формација Обединети патриоти, и со Волја, има вкупно 133 пратеници.

„Изгласувањето недоверба не е саботажа, туку одговор на мислењето на 83 отсто од граѓаните на Бугарија кои сметаат дека тоа (корупцијата) е нивен проблем број 1. Борбата против корупцијата е проевропска политика, а не антиевропска. Подобро е да се биде осамен во борбата против корупцијата, отколку да се биде дел од статус квото кој ја брани корупцијата“, изјави лидерката на социјалистите Корнелија Нинова.

Ројтерс потсетува дека Европската комисија во повеќе наврати ја критикуваше Бугарија поради тоа што не ги процесира и не ги казнува со затвор корумпираните функционери.

Новинарите на хрватски ТРИС се приклучија во патувачкиот новинарски карван до земјата без име.

повеќе

Лидерството на опозициската ВМРО-ДПМНЕ мора да излезе јавно, на прес конференција, заедно со сите пратеници, и да објават прекин на секакво понатамошно учество во дискусија на собраниската седница.

повеќе

Според Агенцијата за вработување, најмногу невработени има меѓу дипломираните правници, економисти, професори по одделенска настава на македонски и албански јазик и социјални работници. 

повеќе