Бугарските социјалисти нема да поддржат влада на Борисов

Лидерката на Бугарската социјалистичка партија (БСП) Корнелија Нинова изјави дека принципиелен став на таа партија е против каква било коалиција со десничарскиот ГЕРБ на премиерот Бојко Борисов.

EPA-EFE

„Нема да поддржиме ниедна влада која ќе ја предложи ГЕРБ, без оглед дали е со или без Борисов, без оглед дали ја сочинуваат експерти или политичари“, кажа Нинова, а пренесува БТА.

Таа исто така кажа дека целиот извршен совет на БСП поднел оставка, но дека таа нема да поднесе оставка бидејќи партијата во моментов не може да остане без лидер и да одржи интерни избори.

Врз основа на нецелосните резултати, коалицијата на ГЕРБ победи во неделата на парламентарните избори во Бугарија.

БСП го освои третото место по партијата Има такви луѓе на популарниот ТВ водилет Слави Трифонов, која е на второто место.

Според Нинова, БСП си поставила цел да биде политичка сила, но на изборите во неделата го изгуби дури и второто место, што го опиша како тежок пораз.

Борисов, чиј ГЕРБ освои најмногу гласови на парламентарните избори, но далеку од можноста самостојно да формира влада, им предложи во неделата вечерта на останатите партии кои влегуваат во новиот состав на парламентот да ги „закопаат воените секири“ и да формираат експертска влада.

„Ви нудам мир. Предлагам да уфрлиме експерти, да вработиме луѓе, да ја преземеме одговорноста и да направиме сè за Бугарија до декември да излезе од пандемијата и да тргне напред“, кажа Борисов.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

Вакцинирањето преку ред, слабата стратегија и лошата комуникација со јавноста ги обележаа првите месеци на вакцинирање во Хрватска која во моментов е близу дното на ЕУ во однос на процентот на вакцинирана популација. 

повеќе