Бугарските болници сè поисполнети: „Не можеме да се носиме со оваа масовна зараза“

Бугарските болници и итни служби се на границите на издржливоста поради наглиот пораст на бројот на случаи на зараза со коронавирусот.

EPA-EFE

„Не можеме да се носиме со оваа масовна зараза“, кажа портпаролката на итните служби Катја Сунгарска во Софија.

На многу места болниците се реорганизираат и создаваат повеќе оддели за пациентите заразени со ковид-19.

Минатиот четврток имаше 395 нови случаи на 100.000 луѓе во период од седум дена. Новата седумдневна стапка на зараза треба да биде објавена утре.

Во Бугарија, држава со 6,9 милиони жители, вчера беа забележани 4.374 нови случаи на зараза со коронавирусот во 24 часа, во однос на 3.502 минатата среда.

Од почетокот на избивањето на пандемијата во земјата од коронавирусот умреа 11.500 луѓе, а само во вторникот 107.

Бугарија се бори со третиот бран на пандемијата по ублажувањето на мерките на карантин на 1 март.

Иако мерки за сопирање на ширењето на заразата се преземени во последните денови на регионално ниво, владата не планира да воведе нови мерки на национално ниво.

Подрачјата кои се најтешко погодени од пандемијата се градот Софија и регионот Бургас на Црното Море.

Здравствените служби во Софија предложија затворање на училиштата и градинките, рестораните, трговските центри и салите за вежбање. Конечната одлука за тоа ќе биде објавена утре.

Вакцинирањето во Бугарија во меѓувреме успори бидејќи привремено е суспендирана употребата на вакцината на Астра Зенека, а достапни се вакцините на Модерна и Бајонтек/Фајзер.

Во Бугарија се закажани парламентарни избори за 4 април па меѓу приоритетните групи за вакцинирање се и службениците задолжени за спроведување на изборите.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

Европа е решена да се ослободи од меката моќ на Москва (енергенсите), а и на дипломатско поле сака да и стави до знаење дека и за неа ќе има „црвени линии“. 

повеќе

Незабележливите разлики во нашето однесување кои се дел од психолошката манипулација на социјалните мрежи се предизвикани од надзорниот капитализам и ја нарушуваат демократската култура и личната автономија.

повеќе

После десетици години се решава холдингот, неданочните давачки и царинските тарифи значајни за бизнисот.

повеќе