Бугарскиот претседател распиша предвремени избори, треба да се одржат во јули

Бугарскиот претседател Румен Радев распиша предвремени парламентарни избори за 11 јули и го овласти Стефан Јанев, својот близок советник за безбедност и одбрана, како премиер за преодниот период додека не се формира нова влада.

Најсиромашната членка на Европската унија повторно оди на избори три месеци откако нерешените избори во април резултираа со расцепкан парламент кој не успеа да формира влада.

Јанев (61), заменик премиер и министер за одбрана во првата преодна влада од 2017 година, ќе има задача да управува со пандемијата на коронавирусот и да обезбеди фер избори, рече претседателот во изјавата, потврдувајќи го претходниот извештај на Ројтерс.

Претседателот Радев е остар критичар на долгогодишниот премиер Бојко Борисов.

Владата на Јанев исто така ќе треба да одлучи дали ќе достави или не национален план до Брисел за тоа како Софија планира да користи повеќе од шест милијарди евра од фондот на Европската унија за обнова од коронавирусот.

Со финансиите ќе управува Асен Василев (43), кој дипломирал на Харвард и кој во 2013 година работел како привремен министер за економија и енергетика. Василев бил дел од тимот што ги подготвува предлог проектите на Радев кои ќе бидат финансирани од ЕУ фондовите за обнова.

Борисовата сегашна партија на десниот центар ГЕРБ повторно по гласањето во април била најголема партија, но изгуби места поради гневот на народот поради вкоренетата корупција, додека другите партии не сакаа да формираат коалиција со неа.

Борисов не успеа да формира влада, а пропаднаа и обидите на новата антиелитистичка партија предводена од телевизискиот водител Слави Трифонов и третата најголема партија на Социјалистите.

Аналитичарите велат дека новите избори во јули најверојатно ќе создадат уште еден расцепкан парламент што може да го комплицира формирањето на влада. Неодамнешната анкета покажа дека ГЕРБ на Борисов и ИТН („Има таков народ“) на Трифонов имаат подеднакви изгледи.

Како и главниот лик во романот, Доне Совичанов, и Ташко Георгиевски никогаш не потклекна и не побара пусулче од Канцеларијата на нашиот јужен сосед во Скопје за да ја премине границата и да го посети своето родно село во Егејска Македонија.

повеќе

Министерството за финансии во изминатиот период активно работеше на реформа за унапредување на фискалната децентрализација, која нуди сериозно системско решение за стабилни финансии на општините кои ќе значат одговорни општини и испорака на квалитетни и ефикасни услуги за граѓаните. 

повеќе

Либералната империјалистичка доктрина на Америка е одговорна за ужасниот масакр во места како Виетнам, Ирак и Централна Америка. Но Америка, исто така, произведе либерална антиимперијалистичка доктрина што останува затскриена во една ТВ-серија што ја восхитува американската публика уште од 1966 година.

повеќе