Бугарскиот премиер: Православните цркви ќе бидат отворени на Цветници и Велигден

Бугарскиот премиер Бојко Борисов објави дека православните цркви и храмови ќе бидат отворени на Цветници и Велигден и покрај кризата со коронавирусот, објаснувајќи дека многу луѓе се очајни и со ослабен дух.

Борисов исто така ги повика Бугарите да останат дома и таму да се молат. Мисите во поголемите цркви ќе бидат пренесувани во живо на државната телевизија.

„Тешка одлука, но подготвен сум да ја сносам одговорноста“, рече Борисов на прес-конференцијата.

„Епископите ми кажаа дека многу луѓе се со ослабен дух, очајни. Затоа не можам да издадам таква наредба (да се затворат црквите)“.

„Со полиција и палки, не можам да ги истерам луѓето од црквите. Не можам да издадам таква наредба“, додаде тој.

Обредите на Светата недела, а особено на Велигден, обично привлекуваат илјадници во црквите ширум земјата.

Министерот за внатрешни работи Младен Маринов рече дека полицајците околу црквата ќе водат ред и придржување до социјалното дистанцирање.

Бугарија прогласи вонредна состојба на 13 мај и забрани собири на повеќе од двајца возрасни. До денес има 618 заразени и 24 смртни случаи од коронавирусот.

„Православната црква нема да дели гранчиња од врба како вообичаено на Цветници“, рече митрополитот Гаврил, опишувајќи го овој потег како „голем компромис“.

Митрополитот вели дека обредите за Велигден ќе се одржат надвор пред црквата, а Светиот Синод им препорача на сите верници да носат заштитни маски.

Бугарската православна црква е критикувана на социјалните медиуми поради отворените врати на црквата и покрај коронакризата.

Многу Бугари исто така ги критикуваа верниците кои ги бакнуваат статуите во црквите.

Валери Симеонов, лидер на националистичката партија која е дел од владејачката коалиција, рече дека треба да се престане со причестување.

„Да не се преправаме дека црквата е света. Во војна сме со невидлив непријател“, рече тој.

Но, многу политичари учествуваа во светата причест и порачаа дека не им е страв.

„Не плаши се!“ вели Гаврил. „Таму каде е Божјата милост, сите микроби согоруваат. Нема случај на пренесување на зараза преку светата причест“, рече митрополитот.

Доколку нешто радикално не се промени, не можеме да очекуваме дека нашата економија брзо ќе се нормализира и ќе излезе од сегашната криза.

повеќе

Како да разликуваш дали „Македонец” означува етничка припадност или државјанство? Според потребата на моментот!

повеќе