Бугарскиот премиер го замени министерот за правда по насилните протести во вторникот

Бугарскиот премиер Бојко Борисов го смени министерот за правда, иако не е веројатно дека тој потег ќе ги смири двомесечните протести чии учесници бараат оставка на владата и државниот обвинител.

EPA-EFE

Министерот за правда на Бугарија Данаил Кирилов поднесе оставка минатата недела по острите критики на јавноста на сметка на контроверзниот предлог за нов устав, на кој е еден од авторите.

Парламентот на Бугарија вчера за министерка за правда ја избра неговата заменичка Десислава Ахладова.

Граѓаните на Бугарија вчера се собраа на уште еден антивладин протест. Нивните главни барања во изминатите недели се оставки на Борисов и главниот обвинител Иван Гешев.

На демонстрациите во вторникот дојде до судири на полицијата и демонстрантите, со повреди и апсења на повеќе десетици луѓе.

Владејачката партија од десниот центар ГЕРБ на Борисов објави вчера дека тој нема да поднесе оставка по насилните протести.

Демонстрантите ја обвинуваат власта за поврзаност со мафијата, толерирање на корупцијата и задушување на слободата на говорот.

Борисов е премиер од 2009 година со кратки прекини, а третиот мандат на чело на владата му истекува во март.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

Каракачанов: На Бугаринот паметот му доаѓа следниот ден...

повеќе

При еден спор, понижувањето не е добро ниту за победникот, ниту за поразениот; ниту за „победникот“, ниту за „поразениот“.

повеќе

Стравот од неизвесноста што ја носи пандемијата од ковид-19 вирусот, бара да се преструктуираме и да го промениме начинот на нашето однесување и работење.

повеќе