Бугарскиот парламент ја прифатил оставката на владата, избори веќе во април

Бугарскиот парламент ја прифатил денес оставката на владата предизвикана од низата насилни протести поради големите сметки за струја, со што е отворен патот за предвремени избори во најсиромашната членка на Европската Унија, кои би можеле да се одржат веќе во април.

 


Откако пратениците гласале дека ја прифаќаат оставката на владата, претседателот Росен Плевнелиев ќе побара од трите најголеми партии во парламентот да формираат влада што ќе ја води земјата до изборите, кои првично беа најавени за јули, пренесува Ројтерс.

Меѓутоа, партијата ГЕРБ на премиерот во заминување Бојко Борисов и опозициската Социјалистичка партија не се заинтересирани за учество во преодната влада, што значи дека изборите би можеле да бидат закажани веќе за април.

„Само парламентарни избори можат да ја покажат волјата на Бугарите“, изјавил заменик-премиерот Цветан Цветанов пред гласањето во парламентот.

Борисов вчера на парламентот му испратил официјално писмо во кое ја поднел оставката на владата, по осумдневните протести поради зголемувањето на цената на струјата и мерките за штедење, во кои беа повредени и притворени поголем број луѓе.

Демонстрантите бараа оставка на владата, обвинувајќи ја дека не успеала да го подобри нивниот сѐ полош животен стандард, поради што тие се на самото дно на Европската Унија.

Пред неколку недели се наврши една година од почетокот на пандемијата. Ковид-19 ги разоткри системските проблеми во здравствениот систем и другите институционални гранки на Косово.

повеќе

Ако не се претвориме во систем на вакцинални касти („Тргни ги твоите Астразенека-шепи од мојот Фајзер-дедо“), може да застраниме кон вакцинални пасоши со сомнителна валидност („Врвката на оваа пропусница не е во нијанса одобрена од СЗО!“).

повеќе

Освен неколку изолирани обиди, повеќето луѓе не реагираат кај институциите и не бараат одговорност. 

повеќе