Бугарски пратеници казнети бидејќи не носеле маски во парламентот

Дваесетина бугарски пратеници се казнети денес бидејќи во парламентот не носеле маски и здравствените инспектори им одредија казна од 300 лева (околу 150 евра).

EPA-EFE

Дваесет и четири од вкупно 240 пратеници се казнети бидејќи на ја послушале обврската за покривање на устата и носот.

Министерот за здравство Кирил Ананиев ги засили правилата за носење маска во затворен јавен простор на 22 јуни, откако порасна бројот на заразените со коронавирусот.

Од средината на јуни, бројот на новозаразените во Бугарија забрзано расте и сега има вкупно 5.154 заразени.

Рестрикциите беа во меѓувреме олеснети, но мерките повторно почнаа да се заоструваат.

Пратеници од различни политички партии одбиле да носат маски, што предизвикало пратеници со шефовите на парламентот и оние пратеници кои ги покриле своите лица.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

Нашиот капацитет за справување со општи кризи е ограничен. Дали здравството е немоќно, или ние не можеме да се прилагодиме на промени?

повеќе

 За базата во Ново Село, Бугарија не добива ни долар за закупнина, а отворени се и бројни прашања за животната средина.

повеќе

Се поставува прашањето, дали треба да се жртвува слободата за сметка на жртвите кои се последица од вирусот, кој не можеме да го спречиме освен со строги санкции и мерки?

повеќе