Бугарски политичар: „Да им дадевме уште две милијарди, Борисов и Трамп ќе се бакнеа во уста“

Купувањето на американските авиони Ф-16 беше цената која Бугарија ја плати за посетата на премиеротт Бојко Борисов на Белата куќа, изјави лидерот на бугарската партија АБВ Румен Петков.

„Слабо се подготвивме за состанокот, да им дадевме уште две милијарди, Борисов и Трамп ќе се бакнеа во уста. Сфаќате дека е навредливо и грдо да се платат две милијарди лева за авиони кои треба да се чекаат“, кажа Петков.

„Цел свет ни се смее. Плаќаме авиони кои ќе бидат направени во фабрика која сѐ уште не постои“, додаде Петков.

Тој смета дека Соединетите Американски Држави се стратегиски партнер на Бугарија и земјите мора да имаат добри односи, но не на штета на добросостојбата на Бугарија. Софија исто така не би требало да бира меѓу односи со САД и со Русија.

„Ако тежнееме кон тоа некој да не тапка по рамо, а притоа некој друг лошо да гледа на нас, тоа е криминално однесување. Бугарија беше членка на Варшавскиот пакт, но тоа не влијаеше врз односите со Сојузна Република Германија или со Британија“, истакна тој.

Петков повеќе пати го критикуваше купувањето на американските борбени авиони. Претходно тој ги спореди ловците со „најскапи правосмукалки“ и ја обвини владата за склучување договор кој е спротивен на националните интереси на Бугарија.

Претседателот на Бугарија Румен Радев ја критикуваше постапката за изборот на новите ловци. Во јули шефот на државата го блокираше купувањето, но една недела подоцна ветото беше нагласано со мнозинство гласови.

Во август министерството за одбрана на Бугарија целосно исплати осум авиони. Нивната вредност е речиси 1,26 милијарди долари, а ќе бидат испорачани на крајот на 2023 и 2024 година.

Изминатата недела имаше бурен почеток со објавувањето на вториот сет мерки. Се изнаслушавме разно-разни коментари, предлози и видувања кои никако не би можело да се рече дека се засновани на прецизни анализи и предвидувања на надлежните институции во државата, со кои располагаме, НБРСМ и МФ.

повеќе

Наместо да седнат заедничи и оние од власта и оние од опозицијата и да се договорат околу стратегијата за борбата со најголемата опасност, тие мудруваат и кажуваат бајки.

повеќе

За жал во овие тешки времиња некои политичари се занимаваат и со вируски патриотизам: на корона не сме се обратиле мултилингвално.

повеќе