Рускиот гас пристигнува следната година?

Бугарски експерт тврди дека нема да има доволно гас за Србија

Рускиот амбасадор во Бугарија Анатолиј Макаров кажа дека бугарскиот премиер Бојко Борисов му ветил дека рускиот гас од Бугарија во Србија ќе тргне на 31 мај 2020 година.

„Го прашав директно: „Господине Борисов, кога рускиот гас од Бугарија ќе тргне кон Србија?“ Тој одговори: На триесет и први мај“. Јас му кажав: „На триесет и први мај? Во ред, тогаш така ќе јавам во Москва““, кажа Макаров.

Претседателот на Русија Владимир Путин ја критикуваше неодамна Бугарија дека одолговлекува со изградбата на својот дел од Турски тек. Борисов потоа објасни дека изградбата оди во рамки на барањата на ЕУ и го покани Путин лично да ја исконтролира изградбата.

Меѓутоа, малку е веројатмо дека количеството гас кое во Србија и Унгарија ќе биде испорачувано со гасоводот Турски тек  ќе биде доволно, изјави бугарскиот експерт за енергетика Христо Казанџиев.

„Испораките по вториот крак изгледаат многу проблематични. Тешко дека испораките на природен гас по „Балкански тек“ ќе бидат реализирани во блиска иднина. А ни во подалечна иднина, претпоставувам“, оцени Казанџиев.

Тој се осврна и на изјавата на рускиот претседател Путин дека Бугарија намерно одолговлекува со изградбата на гасоводот на својата територија.

Казанџиев кажа дека треба да се сетиме и на ситуацијата поврзана со изградбата на гасоводот Јужен тек, бидејќи рускиот претседател такви изјави давал пред Москва да се откаже од Јужен тек.

„Тоа многу ми лични на сценариото кое се случуваше со проектот Јужен тек. Се сеќавате дека по слична изјава дојде до прекин на реализацијата на проектот. Облаците се натрупуваат, заканите се натрупуваат“, кажа Казанџиев.

Оваа парафраза на големиот Иво Андриќ, нобеловец и водечко книжевно име на Балканот, за малку ќе го погодеше лично него.

повеќе

Десензитивизацијата на Американците кон вртоглаво зголемениот број на жртви во пандемијата ја оправдува познатата опсервација на Јосеф Сталин: „Една смрт е трагедија; еден милион е статистика “. 

повеќе

Практичната имплементација на владината стратегија „едно општество за сите“, која на хартија има добри намери, е засенета од неуспешната борба против корупцијата и организираниот криминал.

повеќе