Бугарската влада четврти пат преживеа гласање за недоверба

Бугарската владејачка коалиција го преживеа гласањето за недоверба иницирано од опозицијата, која ја обвини владата дека не успеала да ја заштити животната средина и да го гарантира снабдувањето со вода.

Бугарскиот парламент, составен од 240 пратеници, го отфрли предлогот за недоверба на владата со 124 гласа наспроти 102, додека девет пратеници беа воздржани.

Во својот предлог опозициската Социјалистичка партија го истакна неколкумесечниот недостиг од вода во индустрискиот град Перник, што го доведе во прашање снабдувањето со вода за пиење на скоро 100.000 луѓе.

Опозицијата изнесе обвиненија и за нелегален увоз на отпад, загадување на воздухот од индустриски емисии и загадување на реките.

Ова беше четврто гласање за десничарската влада на премиерот Бојко Борисов, која дојде на власт во мај 2017 година.

Брегзитот, односно напуштањето на Велика Британија на ЕУ, без сомневање ќе влијае врз градењето на новата политичка архитектура во Европа, со нова поделба на интересни зони на стариот континент.

повеќе

Германската канцеларка Ангела Меркел, меѓу другите, беше гневна; Балканот помодре од бес. ЕУ сега се обидува да го натера Макрон да го тргне ветото пред Европскиот самит во март.

повеќе

Мојата заложба е конечно законите и прописите наместо инструмент за спроведување лични интереси, да ја добијат вистинската функција, заштита на интересите на граѓаните. За жал...

повеќе