Бугарска двојка уапсена во Германија, шверцувале новороденчиња

Брачна двојка од Бугарија, по која трагала полицијата поради шверцување новороденчиња во Грција, е уапсена во Германија и наскоро ќе биде екстрадирана, соопшти јавното обвинителство во Софија.

EPA-EFE

По осомничените во февруари е издаден европски налог за апсење поради „сомнеж во учество во организирана криминална група која на грчката територија шверцувала новороденчиња“, се наведува во соопштението.

Мажот и жената, чиј син е веќе во притвор во Бугарија, се уапсени на 29 април во Нојнкирхен, на југозападот на Германија. Јавното обвинителство не ја наведе причината за нивниот престој во Германија.

На сите им се закануваат 5 до 15 години затвор.

Обвинети се дека од 2015 година во Бугарија врбувале трудници од сиромашни средини со ветување дека ќе добијат 2.500 до 3.500 евра. Потоа ги воделе и сместувале во стан во Атина пред породувањето.

„Неколку дена по породувањето децата им ги продавале на локални шверцери кои најверојатно припаѓале на меѓународна мрежа за трговија со новороденчиња“, наведува обвинителството.

„Утврден е идентитетот на девет жени, сите од сиромашни средини, чии деца се родени и продадени во Грција“.

Трговијата со новороденчиња, која прво била раширена во ромските гета во околината на Бургас, на истокот на Бугарија, во последните години се проширила на други делови од таа земја, а најчестото одредиште е соседна Грција.

Бавноста во постапката на посвојување, која претходно знаеше да трае и пет години, поттикна многу кандидати да се решат на ваква нелегална трговија.

Благодарение на законот од 2018 времето на чекање е скратено, но мрежите функционираат и се полесно „решение“ за оние што не успеваат да посвојат дете на легален начин.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

Законот за високо образование јасно и прецизно ја пропишува постапката за избор во наставно-научни и соработнички звања на високообразовните институции во нашата држава-Македонија.

повеќе

На три месеци пред избори, Владата носи закони и уредби со катастрофални последици по граѓаните, што е просто неверојатно.

повеќе

ДУИ, која по конфликтот го вееше албанското црвено - црно знаме, потоа синото, на следните избори ќе го вее зеленото.

повеќе